Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Hatch Act – закон кој ја регулира политичката активност кај јавната администрација во САД

На 28 февруари Правниот факултет „Јустинијан I” при УКИМ и Македонско здружение на млади правници (МЗМП) беа домаќини на Г-ѓа Ана Галиндо, шеф на одделот за Hatch Act во администрацијата на САД.  Таа го презентираше американскиот закон Hatch Act пред студентите на факултетот, а потоа учествуваше на ескпертска дебата заедно со професорите Рената Дескова, Љубомир Фрчковски и Ана Павлова Данева.

DSC_0207

Предавањето беше проследено со прашања и дискусија, додека на дебатата споредбено се разгледаа  американскиот закон и членовите во македонските закони кои го регулираат политичкото делување на вработените во јавната администрација.

DSC_0228

Г-ѓа Галиндо го посети и МЗМП и ја претстави својата работа пред тимот на МЗМП. Повторно следеше дискусија проследена со прашања во однос на апликативноста на некои аспекти од Hatch Act  во локален контекст, како и општи споредби помеѓу законот и домашните регулативи. Повеќе за овој закон можете да прочитате тука: Hatch Act- македонски

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.