МЗМП ја промовираше Анализата за спроведувањето на процесот за процена на влијанието на регулативата (ПВР) од страна на министерствата во РМ во 2017 година

МЗМП во рамки на проектот „Со квалитетен ПВР до подобро законодавство во РМ“ имплементиран од МЗМП, а поддржан од Institute for Democracy ‘Societas Civilis’ Skopje и Center for Economic Analyses – CEA, ја промовираше Анализата за спроведувањето на процесот за процена на влијанието на регулативата (ПВР) од страна на министерствата во РМ во 2017 година. На промоцијата се[…]

Јавен повик за доделување грантови на граѓански организации

Македонското здружение на млади правници во рамки на проектот „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации“, финансиски поддржан од Европската Унија,  на 15 октомври 2018 година објавува: ЈАВЕН ПОВИК за доделување грантови на граѓански организации Рок за поднесување на пријава: 15 ноември 2018, 16:30 ч Со повикот[…]

Јавен повик за 2 (две) експертски позиции за изработка на тренинг модул и спроведување на обуки

Македонското здружение на млади правници за потребите од спроведување на проектот ”Заштита на правата на децата во кривични и граѓански постапки” поддржан од страна на УНИЦЕФ Македонија, објавува јавен повик за 2 (две) експертски позиции за изработка на тренинг модул (програма и содржина) и спроведување на три обуки. 1. Опис и цели на проектот Проектот[…]

МЗМП ПОДДРЖА ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО НА ДЕТСКИ ДОДАТОК СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА

Македонското здружение на млади правници, во рамките на проектот „Зајакнување на социјалната заштита на децата преку правна помош“, поддржа постапка за остварување на правото на детски додаток, кое право беше делумно оспорено од страна на првостепениот орган. Станува збор за лице кое поднело барање за детски додаток за своите три деца, а од страна на[…]

Јавен повик за експерти за изработка на прирачник за практични правни вештини

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во  Македонија”, поддржан од Aмбасадата на Кралството Холандија на 10.09.2018 година објавува: ЈАВЕН ПОВИК За ангажирање двајца (2) експерти за изработка на прирачник за практични правни вештини 1. Опис на проектот Проектот има за цел да[…]

Донесена пресуда со која се утврдува дискриминација по основ на јазик и етничка припадност во областа на работните односи.

Македонско здружение на млади правници (МЗМП) информира дека Основниот суд Скопје II, во постапка поддржана од МЗМП во рамки на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права, донесе првостепена пресуда со која се утврдува дека Општина Гази Баба како тужен, сторила дискриминација по основ на јазик и етничка припадност во областа на работните односи.[…]

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СОСТОЈБАТА НА БЕГАЛЦИТЕ ЗА 2017 ГОДИНА ВО МАКЕДОНИЈА / THIRRJE PUBLIKE PËR SHPËRBLIM PËR RAPORTIM PROFESIONAL MBI SITUATËN E REFUGJATËVE NË VITIN 2017 NË MAQEDONI

(Подолу видете превод на албански) Македонското здружение на млади правници во соработка со Здружението на новинарите на Македонија и Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации – УНХЦР распишува “Јавен повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците за 2017 година во Македонија”. Поднесените прилози и фотографии ќе бидат оценувани од[…]

„Со квалитетен ПВР до подобро законодавство во земјата“- нов проект на МЗМП

Македонското здружение на млади правници – МЗМП од јануари 2018 година започна со имплементација на проектот „Со квалитетен ПВР до подобро законодавство во земјата“. Проектот има за цел зголемување на квалитетот на ПВР процесот преку детектирање на клучни проблеми на институциите во имплементацијата на ПВР процесот и нивно запознавање со важноста на ПВР во насока[…]

Одржана обука за Стандардни оперативни процедури за постапување во случаи на сексуално и родово базирано насилство

Во периодот од 28 февруари до 2 март 2018 во Струмица се одржа обука на тема “Стандардни оперативни процедури за постапување во случаи на сексуално и родово базирано насилство (SGBV)”. Обуката имаше цел да ги зајакне капацитетите на теренските работници од различни институции и организации во Р. Mакедонија кои работат со ранливи категории на лица – странци и[…]

ИЧП, МЗМП и ЕПИ со нов проект- “Заедничка акција за итни реформи во судството”

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Институтот за европска политика (ЕПИ) во соработка со носителот на проектот Институт за човекови права (ИЧП), започнаa со имплементација на проект “Заедничка акција за итни реформи во судството”, финансиран од Фондација Отворено Општество Македонија, со времетраење од 12 месеци (од јули 2017 до јуни 2018). Цели кои се предвидени[…]