МЗМП ПОДДРЖА ПОСТАПКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВО НА ДЕТСКИ ДОДАТОК СОГЛАСНО ЗАКОНОТ ЗА ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА

Македонското здружение на млади правници, во рамките на проектот „Зајакнување на социјалната заштита на децата преку правна помош“, поддржа постапка за остварување на правото на детски додаток, кое право беше делумно оспорено од страна на првостепениот орган. Станува збор за лице кое поднело барање за детски додаток за своите три деца, а од страна на[…]

Јавен повик за експерти за изработка на прирачник за практични правни вештини

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во  Македонија”, поддржан од Aмбасадата на Кралството Холандија на 10.09.2018 година објавува: ЈАВЕН ПОВИК За ангажирање двајца (2) експерти за изработка на прирачник за практични правни вештини 1. Опис на проектот Проектот има за цел да[…]

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија”, поддржан од Aмбасадата на Кралството Холандија, објавува јавен повик за учество во Програмата за практикантска работа на млади правници, која има за цел континуирана едукација на младите правници и зајакнување на нивните капацитети и[…]

МЗМП поддржа постапка за утврдување на дискриминација на лице со телесна попреченост

Македонското здружение на млади правници- МЗМП Скопје поддржа постапка за утврдување на дискриминација на лице со телесна попреченост во областа на пристап до добра и услуги. На 01.12.2017 година адвокат Диме Ѓорчевски од Скопје, поднесе тужба до Основeн суд Кавадарци против Општина Кавадарци, за утврдување на дискриминација на лице со телесна попреченост во областа на[…]

МЗМП достави три поднесоци до Советот за човекови права при ОН за Универзалниот периодичен преглед за Македонија

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) на 12 јули 2018 достави три поднесоци до Советот за човекови права при Обединетите нации во однос на Универзалниот периодичен преглед за Македонија закажан на почетокот од 2019 година. Универзалниот периодичен преглед се прави на сите земји членки на ОН вклучувајќи ја и Македонија која до сега била предмет на[…]

Јавен повик за обезбедување менторска поддршка на граѓански организации

Македонското здружение на млади правници во соработка со Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип и Коалицијата Сите за правично судење, во рамки на проектот „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации”, финансиски поддржан од Европската Унија, објавува јавен повик за[…]

Добиена пресуда од Вишиот управен суд- управните органи да ги обезбедуваат клучните докази по службена должност

Македонското здружение на млади правници известува дека е добиена Пресуда од Вишиот управен суд, со која се наложува на управните органи, доказите кои се од клучно значење за постапката да ги обезбедуваат по службена должност. На ден 18.10.2017 година, Вишиот управен суд на Република Македонија постапувајќи во предмет за остварување на право на родителски додаток[…]

Стапи на сила законот за странци- МЗМП со коментари

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) информира дека на 05.06.2018 стапи во сила Законот за странци, а ќе започне да се применува по една година. Законот ги уредува условите за влез, напуштање и престој на странците во Република Македонија, како и нивните права и должности. Со денот на започнување на примената на новиот закон ќе престане да важи досегашниот[…]

МЗМП поднесе иницијатива за оценување на уставноста на Законот за меѓународна и привремена заштита

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) на 17.05.2018 година поднесе иницијатива до Уставниот суд на Република Македонија за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за меѓународна и привремена заштита. МЗМП во иницијативата ги оспори членовите 63 и 65 од Законот за кои смета дека се во спротивност со основните слободи и права[…]

Пресуда на ЕСЧП за случајот „Љатифи против РМ“- повреда на Европската конвенција за човекови права

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) известува дека на 17 мај 2018 година, Европскиот суд за човекови права во Стразбур во предметот Љатифи против Република Македонија (бр. 19017/16) утврди дека Република Македонија сторила повреда на Европската конвенција за човекови права кога на жалителката и’ ја прекинала меѓународната заштита поради тоа што наводно таа претставувала „опасност[…]