Јавен повик за ангажирање на обучувач

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведувањето на проектот Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации финансиски поддржан од Европската Унија со договор бр. IPA/2017/393-124 на 11 април 2019 година објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на обучувач за пишување проектни документи и управување со проектен циклус  

1. Општи информации за Проектот

Проектот Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации (во понатамошниот текст Проектот) е акција финансиски поддржана од Европската Унија со договор бр. IPA/2017/393-124 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2016 – 2017. Проектот ќе се спроведува во периодот од 1 јануари 2018 до 30 јуни 2020 година од страна на Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип и Коалицијата Сите за правично судење. Општа цел на Проектот е да го зголеми влијанието на граѓанските организации во процесите за креирање и донесување на закони, политики и одлуки на локално и национално ниво преку зајакнување на нивната отчетност, ефикасност и одржливост. Во насока на остварување на општата цел, Проектот вклучува спроведување на повеќе активности групирани во три компоненти: (1) Правна помош и поддршка на граѓански организации за зајакнување на нивните внатрешни правила и процедури (статути, правилници, политики), целосно исполнување на законските обврски кои се однесуваат за граѓанските организации и правно зајакнување во односите на граѓанските организации со трети лица; (2) Зајакнување на капацитетите на локални граѓански организации за застапување и влијание врз политиките, законодавството и донесувањето одлуки на локално и национално ниво преку обуки и менторска поддршка при спроведување на поединечни активности за застапување; и (3) Зајакнување на капацитетите на локални граѓански организации за зајакнување на нивата одржливост преку обуки и менторска поддршка при изработката на проектни апликации.

2. Цели на ангажманот и работни задачи

Цел на ангажманот на обучувачот е да подготви и спроведе дводневна обука за граѓански организации кои се дел од програмата за менторска поддршка во рамки на Проектот на тема изработка на проектни документи и управување со проектен циклус.

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој Јавен повик, правниот/та експерт/ка ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:

  • Изработка на тренинг програма за дводневна обука по упатства од Проектот,
  • Изработка на материјали за спроведување на обуката (презентации, хендаути, вежби),
  • Спроведување на дводневна обука (Осум тренинг сесии) за 15 – 20 учесници на локација избрана од Проектот,
  • Изработка и спроведување на методологија за пре и пост евалуација на тренинг сесијата,
  • Изработка на извештај за спроведената обука.

3. Теми кои треба да ги опфати обуката

Обучувачот при планирањето и спроведувањето на обуката задолжително треба да ги опфати следниве теми:

  • Алатки и методи кои се користат при изработка на проектни документи
  • Основни елементи на логичка рамка
  • Најчести грешки при изработката на проектни документи
  • Упатства за изработка на проектни документи согласно барањата на донатороте присутни во државата
  • Елементи и фази на проектен циклус
  • Критериуми за евалуација на предлог проекти

4. Договор и обврска за известување

Правата и обврските кои произлегуваат од ангажманот ќе бидат уредени со договор за авторско дело. Обучувачот ќе има обврска да доставуви месечни извештај за изработените работни задачи на англиски јазик и на образец доставен од Проектот.  

5. Временска рамка и плаќање

Работниот ангажман ќе биде спроведен во шест работни денови во периодот од 5 мај 2019 до 20 мај 2019. За секој работен ден предвиден е надоместкот од 100 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противредност, според курсот на Проектот. Исплатата ќе се изврши по одобрувањето на извештајот од страна на Проектниот менаџер.  

6. Профил и потребни квалификации

Обучувачот треба да ги исполнува следниве квалификации:

  • Завршено високо образование;
  • Напредно познавање и служење со Англиски јазик. Поседување на меѓународно признат сертификат ќе се смета за предност;
  • Најмалку петнаесет (15) години професионално искуство во управување со проектен циклус;
  • Најмалку десет (10) спроведени обуки на темите и областите наведени во овој повик;
  • Напредно познавање на методологијата за учење на возрасни;

7. Пријавување, евалуација на биографиите и контакт лице

Заинтересираните лица кои ги исполнуваат условите наведени во точка 6 од овој повик потребно е да достават детална биографија во која ќе бидат наведени референци со кои се потврдува исполнувањето на условите. Биографијата треба да се достави во електронска верзија на е-пошта: contact@myla.org.mk со назнака Апликација за обучувач за управуавње со проектен циклус.  Рокот за аплицирање е 17 април 2019 година до 16:30 ч. Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП. Критериуми кои ќе бидат земени при одлучувањето се: целосно исполнување на условите од точка 6 на овој повик и доставувањето на референци со кои се потврдува исполнувањето на овие услови. Контакт лице за овој повик е Гоце Коцевски, е-пошта: gkocevski@myla.org.mk и тел. 078/252-942.

Повикот можете да го преземете на следниот линк : ЈАВЕН ПОВИК МЗМП- Управување со проектен циклус