Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Повик за експерт за подготовка на програма за обука и спроведување на обука за теренски работници

 

УСЛОВИ ЗА АНГАЖМАН

ЕКСПЕРТ  за подготовка на програма за обука и спроведување на обука за теренски работници на одредени теми

1. ВОВЕД
Голем број државни институции, меѓународни организации и граѓански организации (ГО) играат важна улога во заштитата на мигрантите и бегалците во Република Македонија, која беше значително засегната од бегалската криза во 2015/2016 година. Комуникацијата и упатувањата помеѓу инволвираните организации и агенции, а особено меѓу теренските работници претставуваа клучни компоненти во обезбедувањето на интегриран и ефикасен одговор. Се формираа четири (4) меѓуагенциски Стандардни оперативни процедури (СОП) со цел да се одговори на специфичните потреби на различните ранливи категории на мигранти и бегалци. Стандардните оперативни процедури се наменети за следните категории: непридружувани и разделени деца (UASC), жртви на трговија со луѓе, жртви на сексуално и родово базирано насилство (SGBV) и исклучително ранливи лица (EVIs).

2. ЦЕЛ И ДЕЛОКРУГ НА ОБУКАТА
Оваа задача цели кон зајакнување на спроведувањето на Стандардните оперативни процедури и подобрување на механизмите за упатување преку меѓуагенциски активности за јакнење на капацитетите на теренските работници од сите релевантни државни институции и граѓански организации. Македонското здружение на млади правници (МЗМП) беше консултирано и обезбеди експертиза во изготвувањето на СОП и има воспоставено плодна долгорочна соработка со надлежните државни институции. Иако постојат воспоставени механизми за упатување кои се предвидени во СОП, степенот и начинот на кои тие треба да се спроведуваат и практикуваат допрва треба да се реализира. Од суштинско значење е да се обезбеди сеопфатна програма за обука за практичната координација и соработка помеѓу надлежните институции и организации кои дејствуваат во областа на заштита на човековите права на мигрантите и бегалците.

Секој експерт треба да развие програма за обука врз основа на еден од четирите модули за обука и тоа*:

  • непридружувани и разделени деца (UASC)
  • жртви на сексуално и родово базирано насилство (SGBV)
  • исклучително ранливи лица (EVIs)
  • жртви на трговија со луѓе

(*Еден експерт може да аплицира на повеќе од еден модул)
Секој експерт ќе соработува со проектниот тим и меѓународниот експерт за време на развојот на програмата за обука. Врз основа на програмата за обука секој експерт ќе обучи теренски работници поделени во две групи. Проектниот тим ќе избере теренски работници од државни институции и граѓански организации кои обезбедуваат професионални
услуги и хуманитарна помош.

Избраните експерти ќе ги имаат следните задачи:

  • Учество во редовните координативни состаноци со проектниот персонал и другите експерти
  • Развој на програма за обука на еден од четирите модули
  • Учествуво за време на периодот на потврдување на програмата со надлежните државни институции
  • Обучување на избрана тема на теренски работници

3. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ
Во договор со експертот и проектниот тим

4. НАДОМЕСТ
Надоместокот ќе се утврди дополнително во согласност со политиките на УСАИД за избор на експерти.

5. КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Образование во областа на право, општествени науки или човекови права;
  • Работно искуство во областа на азил, бегалци и миграција;
  • Релевантно работно искуство во областа на правна заштита и човекови права;
  • Претходно работно искуство на слична задача во регионот и особено во земјата;
  •  Докажано искуство во подготовка на анализи и проценки во областа на правната заштита;
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
  • Oдлични аналитички и вештини за пишување;
  • Одлично познавање на англиски јазик.

6. АПЛИКАЦИЈА:
Сите заинтересирани кандидати треба да достават писмо на интерес во кое наведуваат за кој модул аплицираат и кратка биографија која содржи соодветни квалификации и искуство, до Македонското здружение на млади правници на: smilenkovik@myla.org.mk со наслов: Апликација за експерт, до 20 октомври 2017.

Повикот за експерт може да го прегледате и преземете тука: ToR for National Experts

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.