Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Повик за аплицирање на обука за правна заштита и застапување на баратели на азил

Повик за аплицирање на обука за адвокати и претставници на невладин сектор за давање правна помош и застапување на баратели на азил преку системот на бесплатната правна помош

 

Македонското здружение за млади правници (МЗМП) во рамките на проектот “Подобрување на заштитата на правата и услугите на мигрантите и барателите на азил во Република Македонија“ поддржан од Фондација отворено општество Македонија, организира дводневна обука за адвокати и претставници на здруженија на граѓани за обезбедување на правна помош и застапување на баратели на азил.

 

Дводневната обука ќе се одржи во Гевгелија на 29 и 30 Јануари 2016 година, со посета на Прифатниот камп за бегалци во Гевгелија.   

Можност за учество на обуката имаат 20 правници од невладин сектор и адвокати кои се активни во заштитата на човековите права и ги исполнуваат следниве критериуми: 

-Завршен правен факултет; 

-Да има најмалку 2 годишно искуство во водење на предмети во областа на заштитата на човековите права;

-Да има основни познавање на националната правна и институционална рамка за постапување со бегалци и баратели на азил;

-Да покаже мотивираност и интерес за правна помош и водење на предмети кои се однесуваат на застапување на баратели на азил во Република Македонија.

Сите заинтересирани адвокати и правници својот интерес за учество на обуката со поднесување на CV и мотивационо писмо треба да го пријават на следнава е-маил адреса contact@myla.org.mk најдоцна до 25 Јануари 2016 година 16:00 часот, со назнака “Апликација за обука за правна помош и застапување на баратели на азил преку системот на БПП”.

Кандидатите кои ќе бидат влезени во потесен круг ќе бидат дополнително контактирани

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.