Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Комуницирање на тема миграции – соработка или предизвик помеѓу граѓанските организации и медиумите?

На покана на МЗМП и канцеларијата на УНХЦР во Скопје, повеќе граѓански организации од Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска, Словенија и Унгарија, учествуваа на панел дискусија на која што се разгледаа предизвиците и искуствата од соработката помеѓу граѓанските организации и медиумите во справувањето со стереотипите и новата реалност што ја носат современите миграциски движења во регионот и Европа.

Учесниците беа поканети да споделат и разменат искуства, добри и лоши, и да размислат за потенцијалните нови начини и пристапи за тоа како граѓанските организации ефективно да комуницираат со медиумите и различните јавности за миграциите и промените кои тие ги предизвикуваат. 

Дискусијата беше концентрирана околу неколку тематски прашања, и тоа дали медиумите претставуваат сојузник, или пак предизвик во соработката со граѓанските организации; како тие комуницираат со медиумите на темата миграции, каквиактивности спроведуваат за да влијаат на јавното мислење; и дали организациите користат стратешки комуникации во напорите за застапување на нивните каузи. Динамичната дискусија резултираше со општ консензус дека миграциите се важна тема за која што треба да се зборува конструктивно, според факти, а дебатата не смее да поттикнува ксенофобија и да поддржува стереотипи.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.