ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија објавува јавен повик за учество во Програма за практикантска работа на млади правници. Програмата има за цел континуирана едукација на младите правници и зајакнување на нивните капацитети.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:

  • Завршени три години правни студии (стекнати 180 кредити);
  • Интерес во областа на заштита на човековите права;
  • Основно познавање на англиски јазик.

Од практиктикантите се бара подготвеност да се обврзат на учество во текот на целокупното трање на практикантската работа во циклусот од три месеци (јануари, февруари и март) 2019 година.

За учесниците на програмата е предвиден фиксен месечен надоместок.

МЗМП ги повикува сите заинтересирани млади правници (вклучувајќи ги и студентите на постдипломски студии по право) да испратат свое резиме/CV и мотивационо писмо (не подолго од една страна), на електронската адреса ashumkoska@myla.org.mk или на ул. Донбас бр.14 1/6, 1000 Скопје, најдоцна до 07.12.2018 година.

Во периодот од месец јануари, февруари и март 2019 година, Програмата ќе ги опфати следните градови: Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Делчево, Струмица, Штип, Куманово и  Тетово.

Кандидатите се замолуваат при аплицирањето задолжително да го наведат градот во кој се заинтересирани да ја обавуваат праксата.

Програмата се спроведува во соработка со судовите во Република Македонија, Народниот правобранител, Комисија за заштита од дискриминација и адвокатски канцеларии. Предвидено е секој учесник да помине три месеци практикантска работа во една институција (изборот на институцијата го определува проектниот тим).

Дополнително, покрај практикантската работа учесниците посетуваат три еднодневни обуки на теми:

  1. практични правни вештини и основни етички вредности на правната професија
  2. вештини за барање на работа во правната професија и
  3. обука за сензибилизација

Македонско здружение на млади правници (МЗМП) е невладина организација, формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредување на правничката професија, заштита на човековите права и слободи и унапредување на принципот на владеење на правото во Македонија преку учество и работа на конкретни проекти. Во своето работење МЗМП става посебен фокус на континуирана едукација на младите правници.

Сите избрани кандидати кои што ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.