Јавен повик за изработка на анализа на домашната судска пракса поврзана со постапката за азил пред Управниот и Вишиот управен суд

МЗМП за потребите на проектот за Правна помош и застапување од особен интерес поддржан од Високиот комесаријат за бегалци УНХЦР Скопје, на 22.11.2018 година го објавува следниот:

ЈАВЕН ПОВИК

За ангажирање на еден (1) експерт за изработка на анализа на домашната судска пракса поврзана со постапката за азил пред Управниот и Вишиот управен суд

 

  1. Опис на проектот

МЗМП во соработка со Високиот комесаријат за бегалци УНХЦР Скопје, веќе осма година обезбедува бесплатна правна помош на бегалци, мигранти и баратели на азил, како и на лицата апатриди во секоја инстанца од постапката за азил/стекнување на документи за идентификација. Правниците вработени на овие проекти се директно вклучени во првостепените постапки на барателите на азил како нивни застапници, додека адвокати ангажирани од страна на здружението ги застапуваат бегалците и барателите на азил во судските постапки. Долгите години работа на оваа тема, овозможија Здружението да стекне мноштво на информации и комплетна дата база на предмети кои се водат пред Управниот суд и Вишиот управен суд, а се однесуваат на постапката за азил.

 

  1. Опис на предложената позиција

Експертот за изработка на анализа на домашна судска пракса поврзана со постапката за азил потребно е да ги изврши следните работни задачи:

  • Развивање на методологија за изработка на анализа
  • Развивање на методологија за користење на судската пракса поврзана со постапката за азил пред Управниот и Вишиот управен суд во идни постапки
  • Анализа на пресуди од првостепена и второстепена постапка пред Управниот и Вишиот управен суд, а поврзани со темата азил
  • Изведување на главни заклучоци и препораки
  • Изработка на финален прирачник

 

Временска рамка за изработка на анализата: 01.12.2018 – 20.12.2018

 

  1. Потребни квалификации:
  • Завршено високо образование од областа на правото (Пост-дипломски студии поврзани со темата човекови права и нивна заштита би се сметало за предност)
  • Најмалку пет години работно искуство на тема човекови права и нивна заштита
  • Искуство во соработка со граѓански организации
  • Искуство во изработка на анализи и прирачници
  • Аналитичност, навременост, способност за работа во тим.

 

  1. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Повикот е јавен.

 

Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на кратка биографија на следната е-маил адреса: contact@myla.org.mk со назнака “Апликација за јавен повик” најдоцна до 27.11.2018 година. Во прилог на кратката биографија кандидатот треба да испрати/примерок/линк од анализи, прирачници и извештаи кои ги изготвил или учествувал во нивна подготовка

 

Успешните кандидати ќе бидат информирани писмено за понатамошните активности.