Јавен повик за експертски позиции за изработка на тренинг курикулум и спроведување на обуки

Јавен повик за 4 (четири) експертски позиции за изработка на тренинг курикулум и спроведување на обуки

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот ”Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела” финансиран од Европската Унија преку Министерството за финансии на РСМ – Секторот за централно финансирање и склучување во рамки на програмата Strengthening the  impact of the civil society in effective justice sector reforms – IPA II 2014 – EuropeAid/159467/ID/ACT/MK, имплементиран во соработка со СОС Детско Село – Македонија, објавува јавен повик за 4 (четири) експертски позиции за изработка на тренинг модул (програма и содржина) и спроведување на две соодветни обуки. 

  1. Опис и цели на проектот

Општата цел на овој проект е да го подобри пристапот до правда за жртвите на насилни кривични дела преку воспоставување на национален сервис за правна поддршка на жртви. Притоа, специфичните цели кои проектот се стреми да ги оствари се следните: (1) Зголемување на пристапот до правна помош и психо-социјална поддршка на деца, лица со попреченост, стари лица и жени – жртви на насилни кривични дела; (2) Зајакнување на капацитетите на адвокатите кои работат на заштита на жртвите на насилни кривични дела , и (3) Застапување за воспоставување на соодветен државно финансиран систем за правна поддршка. Основната активност на овој проект вклучува континуирана правна и психо-социјална поддршка која ќе се обезбедува на ранливи жртви на насилни кривични дела.

Проектот, меѓудругото, вклучува активности за зајакнување на капацитетите на 16 адвокати и 8 стручни лица (психилози, педагози, социјални работници итн.) кои ќе обезбедуваат правна и психосоцијална поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела.

За ефикасно и ефективно подобрување на капацитетите на овие лица потребно е развивање на тренинг курикулум и спроведување на соодветни обуки од страна на тим составен од:

  • Два (2) експерти/ки во областа на кривичното право и постапка
  • Два (2) експерти/ки во областа на психологијата, социјалната заштита, криминологијата, виктимологијата. 
  1. Опис и работни задачи за изработка на тренинг модул

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој Јавен повик, експертите ќе треба да ги спроведат следниве работни задачи:

  • Подготовка на тренинг курикулум наменет за адвокати, психолози, педагози, социјални работници и други стручни лица, за развивање вештини за работа и обезбедување на правна и психо-социјална поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела;
  • Идентификување и анализа на релевантна литература за подготовка на тренинг курикулумот;
  • Преглед на постоечки тренинг курикулуми на релевантната тема;
  • Дефинирање на методологија и временска рамка за подготовка на тренинг курикулумот;
  • Изработка на документ во кој ќе биде содржани следните елементи: опис на тренинг курикулумот, цели и резултати на обуката, методи на спроведување на обуката, теми и содржина, временска рамка како и тренинг материјали за спроведување на обуката 
  • Спроведување на две обуки за адвокати, психолози, педагози, социјални работници и други стручни лица, за развивање вештини за работа и обезбедување на правна и психосоцијална поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела.
  1. Потребни квалификации

3.1 За позициите експерти/ки во областа на кривичното право и постапка

  • Завршено високо образование во областа на правото. Завршени постдипломски или докторски студии во областа на кривичното право ќе се сметаат за предност.
  • Положен правосуден испит.
  • Најмалку 7 години работно искуство во областа на кривичното право и постапка. Работа во областа на детското престапништво ќе се смета за предност.
  • Искуство во изработка и подготовка на тренинг курикулуми, материјали и спроведување на обуки.
  • Напредно познавање на англискиот јазик
  • Напредни истражувачки и аналитички способности

3.2 За позициите експерти/ки во областа на психологијата, социјалната заштита, криминологијата, виктимологијата.

  • Завршено високо образование во областа на психологијата, социјалната заштита, криминологијата, виктимологијата. Завршени постдипломски или докторски студии во овие области ќе се сметаат за предност.
  • Најмалку 7 години работно искуство во струката. Искуство во работа со ранливи категории и жртви на насилство ќе се смета за предност.
  • Искуство во изработка и подготовка на тренинг курикулуми, материјали и спроведување на обуки.
  • Напредно познавање на англискиот јазик
  • Напредни истражувачки и аналитички способности 
  1. Временска рамка

Секој од експертите/ките кој ќе биде ангажиран ќе треба да ги спроведе работните задачи во периодот март/април. За секој работен ден предвиден е надоместкот од 100 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противредност. 

  1. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на CV на следниот е-маил: contact@myla.org.mk со назнака за која позиција аплицира.

Во прилог на CV-то, кандидатот/ката треба задолжително да достави и примерок/активен линк од документите наведени во дел 3 од овој јавен повик во чија изработка учествувал/а.

Рокот за аплицирање е до 01.03.2019 година, 16:30 часот.

Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП. Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување на кандидатите. 

Повикот може да го преземете на следниот линк: Јавен повик за експерти за тренинг модул и обука

Проект:  Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела

                                        Проектот е финансиран од Европската Унија