ЈАВЕН ПОВИК за ангажирање на правни експерти (адвокати) за зајакнување на внатрешните структури и постапки во граѓанските организации

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведувањето на проектот Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации финансиски поддржан од Европската Унија со договор бр. IPA/2017/393-124 на 28 ноември 2018 година објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на три (3) правни експерти (адвокати) за зајакнување на внатрешните структури и постапки во граѓанските организации

1. Општи информации за Проектот

Проектот Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации (во понатамошниот текст Проектот) е акција финансиски поддржана од Европската Унија со договор бр. IPA/2017/393-124 во рамки на програмата IPA Civil Society Facility and Media Programme 2016 – 2017. Проектот ќе се спроведува во периодот од 1 јануари 2018 до 30 јуни 2020 година од страна на Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип и Коалицијата Сите за правично судење. Општа цел на Проектот е да го зголеми влијанието на граѓанските организации во процесите за креирање и донесување на закони, политики и одлуки на локално и национално ниво преку зајакнување на нивната отчетност, ефикасност и одржливост. Во насока на остварување на општата цел, Проектот вклучува спроведување на повеќе активности групирани во три компоненти: (1) Правна помош и поддршка на граѓански организации за зајакнување на нивните внатрешни правила и процедури (статути, правилници, политики), целосно исполнување на законските обврски кои се однесуваат за граѓанските организации и правно зајакнување во односите на граѓанските организации со трети лица; (2) Зајакнување на капацитетите на локални граѓански организации за застапување и влијание врз политиките, законодавството и донесувањето одлуки на локално и национално ниво преку обуки и менторска поддршка при спроведување на поединечни активности за застапување; и (3) Зајакнување на капацитетите на локални граѓански организации за зајакнување на нивата одржливост преку обуки и менторска поддршка при изработката на проектни апликации.

2. Опис на активноста предмет на овој повик

Ангажманот кој е предмет на овој јавен повик е потребен заради спроведување на Активностите 1.1 и 1.2 од Проектот насловени како Правно советување во изработка и/или ревизија на постојните статути, внатрешни правила, процедури и политики на граѓанските организации и Правно советување во обезбедување на целосна усогласеност со релевантните законски обврски. Активноста цели да го подобри квалитетот на на внатрешните акти на  граѓанските организации како и да осигура целосна усогласеност на работата на  граѓанските организации со релевантното законодавство. Активноста ќе овозможи правно зајакнување на организациите и зголемување на нивната ефективност, транспарентност и одговорност.

3. Цели на ангажманот и работни задачи

Цел на ангажманот на правните експерти е да обезбедат непосредно правно советување на 30 граѓански организации распоредени во два циклуса од по 15 организации.

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој Јавен повик, правните експерти ќе треба да ги спроведат следниве работни задачи:

  • Детална анализа и оценка на постојните внатрешни акти на организации и идентификување на правните ризици на кои се и зложени,
  • Состав на краток извештај за идентификуваните слабости,
  • Изработка на индивидуални предлози за подобрување на внатрешните акти во комуникација со граѓанската организација
  • По барање на организациите изработка на предлог амандмани за измена и дополнување на статутите, другите внатрешни акти, деловници, етички кодекси, правилници за систематизација на работни места, дисциплински постапки, управување со човечки ресурси, административно и финансиско работење итн.
  • Учество на работилници за правно зајакнување на граѓански организации
  • Правна помош за обезбедување усогласеност на работењето на граѓанската организација со релевантните закони.

4. Договор и обврска за известување

Правата и обврските кои произлегуваат од ангажманот ќе бидат уредени со договор за услуги. Правните експерти ќе имаат обврска да доставуваат месечни извештаи за изработените работни задачи на англиски јазик и на обрасци доставени од Проектниот менаџер најдоцна до 5ти од месецот за претходниот месец. Извештаите ќе се доставуваат до Проектниот менаџер на е-пошта: gkocevski@myla.org.mk.

5. Временска рамка и плаќање

Работниот ангажман ќе биде спроведен во 50 работни денови (од експерт) во периодот од декември 2018 до март 2020. За секој работен ден предвиден е надоместкот од 100 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противредност, според курсот на Проектот. Исплатата ќе се врши еднаш месечно, за изработените денови, а по одобрувањето на месечниот извештај од страна на Проектниот менаџер.  

6. Профил и потребни квалификации

Правните експерти треба да ги исполнуваат следниве квалификации:

  • Адвокат со активна лиценца за работа;
  • Напредно познавање и служење со Англиски јазик. Поседување на меѓународно признат сертификат ќе се смета за предност;
  • Најмалку десет (10) години професионално искуство како адвокат, консултант, правен истражувач или во граѓанска организација;
  • Развиени истражувачки и аналитички вештини;
  • Напредно познавање на законодавството во РМ кое се однесува за граѓанските организации;

7. Пријавување, евалуација на биографиите и контакт лице

Заинтересираните лица кои ги исполнуваат условите наведени во точка 7 од овој повик потребно е да достават детална биографија во која ќе бидат наведени референци со кои се потврдува исполнувањето на условите.

Биографијата треба да се достави во електронска верзија на е-пошта: contact@myla.org.mk со назнака Апликација за правен експерт за изработка на анализа на правни ризици.  Рокот за аплицирање е 6 декември 2018 година до 16:30 ч.

Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП. Критериуми кои ќе бидат земени при одлучувањето се: целосно исполнување на условите од точка 6 на овој повик и доставувањето на референци со кои се потврдува исполнувањето на овие услови. 

Контакт лице за овој повик е Гоце Коцевски, е-пошта: gkocevski@myla.org.mk и тел. 078/382-891.

Повикот може да се преземе на следниот линк: Правни експерти – Граѓански организации