Прифаќање на непридружувани малолетници и разделени деца во прифатните центри и улогата на старателите

 

Во периодот од 03.11-04.11.2016 година во Скопје, МЗМП во соработка со организацијата Група 484 од Белград, организираше обука на тема „Прифаќање на непридружувани малолетници и разделени деца во прифатните центри и улогата на старателите”.Обуката беше поддржана од Холандска Амбасада во Белград. 

img_6503

Обуката  ја следеа вработени од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Скопје, Прифатниот центарот за баратели на азил – Визбегово, Скопје и од Прифатните транзитни центри во Табановце и Гевгелија.

На првиот ден, претставници на  МЦСР на град Скопје ги презентираа процедурите и постапките за постапување со непридружувани малолетници во Македонија, а потоа беа претставени процедурите и постапките во рамки на Центарот за сместување на непридружувани малолетници во Србија.

На обуката се презентираше и дискутираше и за генералниот пристап кон непридружуваните малолетници  и интеркултурната комуникација, односно културната сензитивност при комуникацијата со овие лица. 

img_6493

Особено важен дел од оваа обука беше сесијата посветена на безбедносните и психичките здравствени проблеми (самоповредување, трговија со луѓе, злоупотреба на деца итн.) кај непридружуваните малолетници и начините и методите на справување со овие состојби.

Следните сесии беа посветени на планирањето на безбедноста овие деца, како и улогата и учеството на младите како начин за подобрување на услугите за непридружуваните малолетници.

Обуката ја водеше Катлијн Силевис од НИДОС, сертифицирана организација за заштита на младите од Холандија.