ПОВИК ЗА СТУДЕНТИ ЗА УЧЕСТВО НА ШКОЛА ЗА МИГРАЦИИ

Mакедонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на Проектот на УСАИД за заштита на бегалците и мигрантите објавува повик за студенти на додипломски студии по општествени науки за учество на четиридневна Школа за миграции.

Миграцијата се повеќе доминира како прашање во јавниот дискурс низ светот. Меѓународната соработка во областа на миграцијата и азилот, исто така, привлекува се’ поголеми ресурси и чинители низ целиот свет. Како резултат на тоа, се повеќе и повеќе професионалци и истражувачи од различни области ги третираат меѓународните миграции како дел од нивната работа. Во нашата земја постои недостаток на системска и интегрирана студиска програма за миграцијата, како и сеопфатно познавање на последиците од миграцијата.

  1. 25 студенти од земјата ќе се здобијат со знаења за клучните теории и концепти за миграцијата од различни агли како што се правото, безбедноста, социологијата, антропологијата, психологијата и медиумите,  и ќе се запознаат со природата на миграцијата и нејзиното влијание врз развојот, политиките, културата, човековите права, безбедноста итн;
  2. Предавачи се професори и практичари од земјата и странство од релевантни области поврзани со миграцијата;
  3. Школата ќе се одржи од 27 до 31 мај 2019 година (во хотел надвор од Скопје);
  4. По завршувањето на школата, секој студент ќе напише краток есеј на избрана тема. Есеите ќе бидат објавени промовирани како збирка на настан за одбележување на Меѓународниот ден на бегалците, 20 јуни 2019 година;
  5. Работни јазици се македонски и англиски (со обезбеден превод од англиски);
  6. Трошоците за организација, сместување и превоз на учесниците ќе бидат покриени од страна на МЗМП;
  7. Услови за учество се кандидатот да е студент на додипломски студии по некоја од општествените науки со интерес за темата миграции;

МЗМП ги поканува сите заинтересирани студенти кои имаат интерес во областа на миграцииите да достават кратка биографија  и писмо за изразување интерес (до 300 збора) со наслов Учество на Школа за миграции на електронската адреса ncavolli@myla.org.mk најдоцна до 17.05.2019 година (понеделник).

Повикот можете да го преземете на следиот линк Migration School- Call for participants mk