Општи услови и правила за обезбедување на правна и психо-социјална поддршка

Општи услови и правила за обезбедување на правна и психо-социјална поддршка е документ изработен е во рамки на проектот ,,Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела’’ се спроведува од страна на Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во соработка со СОС Детско село Северна Македонија (во понатамошниот текст СОС Детско село). Проектот е финансиран од Европската Унија преку Министерството за финансии на РСМ- Сектор за централно финансирање и склучување на договори во рамки на програмата – Strengthening the impact of the civil society in effective justice sector reforms – IPA II 2014, EuropeAid/159467/ID/ACT/MK. 
Овој документ е од исклучителна важност за воспоставување на сервис за обезбедување на правна и психо-социјална поддршка на жртви на насилни кривични дела.  Детално се разработени услугите кои ќе бидат обезбеденикорисниците на услугите како и правата и одговорностите на лицата кои ќе ги обезбедуваат услугите за поддршка Основната намена на овој документ е да се обезбедат квалитетни услуги за поддршка на жртвите на насилни кривични дела со строги правила на кои ќе треба да се придржуваат давателите на услуги, како и да го олеснат следењето и надзорот на услугите. Сите предвидени заложби ќе обезбедат максимално придржување до принципот – да не се нанесува штета. Овој документ исто така ќе им послужи и на жртвите за да се информираат за улогата и институциите кои обезбедуваат поддршка на жртвите како и да се информираат за нивните права имајќи го предвид фактот дека недоволната информираност на жртвите за нивните права ги одвратува од нивното право активно да учествуваат во кривичните постапки.

Доколку сте жртва на насилство или познавате некој кој трпи насилство , но нема храброст истото да го пријави побарајте поддршка и информирајте се за своите права.

Општи правила и услови за воспоставување на сервис за обезбедување на правна и психо-социјална поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела

Поважни телефони за помош и поддршка:

075/235-837 или 071/277-180

02/3220-870 или 02/3290-180