Одржана обука за психо-социјална заштита на жртви на насилни кривични дела

Во рамки на проектот  ”Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела” финансиран од Европската Унија преку Министерството за финансии на РСМ – Секторот за централно финансирање и склучување во рамки на програмата Strengthening the  impact of the civil society in effective justice sector reforms – IPA II 2014 – EuropeAid/159467/ID/ACT/MK, имплементиран од страна на Македонското здружение на млади правници во соработка со СОС Детско Село – Македонија, од 08 до 10 мај 2019 година се одржа втората предвидена обука за адвокати, стручни советници и проектниот тим.

Согласно проектот, втората обука ги опфаќаше психо-социјалните аспекти на заштита на жртвите на насилни кривични дела. Обучувачи на оваа обука беа Проф. Д-р Драгана Батиќ и Прим. Д-р Мери Бошковска. Темите кои беа опфатени со втората обука беа насочени повеќе кон разбирање на поимот на жртва, значењето и формите на насилство, влијанието што насилството го има врз жртвата, начинот на обезбедување на првична психолошка интервенција и спроведување на интервју со различните групи на жртви вклучувајќи деца, постари лица, лица со попреченост и жени.

На работилницата присуствуваа адвокатите и стручните советници избрани преку јавен повик како соработници на проектот и проектниот тим. Учесниците ја потенцираа важноста на една ваква средба каде што искуства ќе разменат како адвокатите така и стручните советници. Соочувајќи се со жртвите на насилни кривични дела секој од различна област на својата работа, адвокатите во правната помош, а стручните советници во психосоцијалната помош и поддршка, се повеќе ја нагласува важноста на мулти секторската соработка.