Одржана обука за правна заштита на жртви од насилни кривични дела

Во рамки на проектот  ”Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела” финансиран од Европската Унија преку Министерството за финансии на РСМ – Секторот за централно финансирање и склучување во рамки на програмата Strengthening the  impact of the civil society in effective justice sector reforms – IPA II 2014 – EuropeAid/159467/ID/ACT/MK, имплементиран од страна на Македонското здружение на млади правници во соработка со СОС Детско Село – Македонија, од 15 до 17 Април 2019 година се одржа првата предвидена обука за адвокати, стручни советници и проектниот тим.

Согласно проектот, првата работилница ги опфаќаше правните аспекти на заштитата на жртвите на насилни кривични дела.  Работилницата се фокусираше на следните теми: поважни национални (закони и подзаконски акти) и меѓународни документи (конвенции, директиви, итн.) посветени за заштита на жртви на насилни кривични дела со посебен осврт на Истанбулската конвенција, Директивата 2012/29/ЕУ и Директивата 2011/99/ЕУ, видови на насилство и посебен осврт на историјата на развојот на документит поврзани со семејно насилство како најчест вид на насилство во државата, пристапот на адвокатите и стручните советници при постапување со жртви на насилни кривични дела, обврската за мултисекторска соработка при постапување со жртви, како и судската пракса на Европскиот суд за човекови права. Обучувачи ангажирани за спроведување на обуката беа адвокат Александра Стојановска Тасевска и судијата Ѓорѓи Андонов од Основниот суд во Штип.

На работилницата присуствуваа адвокатите и стручните советници избрани преку јавен повик како соработници на проектот, проектниот тим и претставник од Министерството за правда на Република Северна Македонија. Учесниците ја потенцираа важноста на една ваква средба каде што искуства ќе разменат како адвокатите така и стручните советници. Соочувајќи се со жртвите на насилни кривични дела секој од различна област на својата работа, адвокатите во правната помош, а стручните советници во психосоцијалната помош и поддршка, се повеќе ја нагласува важноста на мулти секторската соработка.