Оглас за вработување – Координатор за правна поддршка

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ 

за една (1) позиција на определено работно време во траење од шест месеци

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) објавува оглас за вработување на работното место Координатор за правна поддршка со полно работно време, во времетраење од шест месеци. 

  1. Опис на работните задачи:
  • Обезбедување на информации и правни совети на жртви на насилни кривични дела;
  • Обезбедување на совети поврзани со правни, финансиски и практични проблеми и ризици кои би воделе кон понатамошна виктимизација на жртвата на насилно кривично дело кое се обратила за правна помош;
  • Соработка и споделување на информации со Координатор за психо-социјална поддршка;
  • Документирање на правните информации и совети обезбедени на лицата жртви на насилни кривични дела согласно внатрешните процедури и правила на организацијата притоа почитувајќи ги правилата за заштита на лични податоци;
  • Комуникација со институции вклучени во превенција, спречување и заштита на жртви од насилни кривични дела;
  • Подготовка на месечни извештаи за спроведените активности и процесуираните случаи на лица кои биле жртви на насилни кривични дела.
  • Други задачи на барање на претпоставениот Проектен менаџер. 
  1. Потребни квалификации:
  • Завршен Правен факултет со положен правосуден испит;
  • Искуство од најмалку 3 години на правни работи;
  • Искуство во работа со ранливи категории на граѓани;
  • Искуство како адвокатски приправник, стручен соработник во адвокатка канцеларија и/или граѓанска организација ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик 
  • Одлично познавање на Word, Excel и Power Point
  • Одлични комуникациски и организациски способности
  • Активен возач (Б категорија) ќе се смета за предност
  • Способност за работа во мултиетничка средина
  1. Постапка за пријавување и избор:

Кандидатите треба да достават свое CV во електронска форма на contact@myla.org.mk со назнака Пријава на оглас за вработување за работно место Координатор за правна поддршка најдоцна до 20 февруари 2019 година до 16:30 часот.

Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство.

Постапката за избор ќе се спроведе во согласност со внатрешните правила на МЗМП од страна на комисија. Најуспешните кандидати ќе бидат викнати на интервју. Врз основа на резултатите од спроведеното интервју ќе биде избран кандидатот. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени предвид. 

  1. Договор за вработување:

Со избраниот кандидат/ка МЗМП ќе склучи договор за вработување на определено време во траење од шест (6) месеци. Работното време ќе изнесува 40 часа неделно. Взаемните права и обврски во договорот ќе бидат уредени во согласност со Законот за работните односи.