Доделени грантови на 11 граѓански организации

Во рамки на програмата за доделување грантови на граѓански организации, дел од проектот „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост кај граѓанските организации“  финансиран од ЕУ, а имплементиран од Македонското здружение на млади правници, Данскиот совет за бегалци, Коалицијата сите за правично судење и Фондацијата за развој на локалната заедница, денес беа потпишани договори со единаесет грантисти.

Повикот за доделување грантови на граѓански организации беше објавен на 12.10.2018 година , со рок на аплицирирање до 15.11.2018 година. 

Во оваа програма се поддржани 11 проекти на 11 граѓански организации и тоа:

Мобилизација на граѓанското општество за поттикнување на позитивни општествени промени – МОГО ПОП на Здружение за заштита промоција и едукација за храна Слоу Фуд Битола“ – Битола

„Заедно посилни за подобар живот“ на Здружение на СЛЕПИ ЛИЦА НА ГРАД ШТИП-Штип

„Системски решенија за пациентите со ретки болести“ на Национална алијанса за ретки болести на РМ- Скопје

„#МКДипломатија: кон професионална дипломатска мрежа во Македонија“ на Здружение – Институт за глобални политики и право ЧЛЕН 1- Скопје

„Биди промената што сакаш да ја видиш“ на Иницијатива за граѓански интеграции ИГИ- Гостивар

„Една идеја, еден сон- една цел!“  на Здружение- Извиднички одред Димитар Влахов- Велес

ЛЕАДЕР мерки – неопходни практики за одржлив рурален развој“ на Здружение за рурален развој Локална Акциона група Агро Лидер- Кривогаштани

„Вклучи внимание“ на Здружение за дислексија “АЈНШТАЈН”- Скопје

„Социјалните работници во акција за добри практики во реформираниот систем  на социјална заштита на Здружение на социјални работници на Македонија, Скопје  – ЗСРРМ Скопје

„Локална мрежа за застапување – ЛМЗ – како механизам за зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор за ефективни локални политики“ на Центар за култура, комуникација и едукација на Ромите „Светла иднина“- Кочани

„Мојата општина- пријател на младите!“ на Здружение Мултикултура- Тетово

Проектот „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални граѓански организации” има за цел да го зголеми влијанието на граѓанските организации во процесите за креирање и донесување на закони, политики и одлуки на локално и национално ниво преку зајакнување на нивната отчетност, ефикасност и одржливост.