MЗМП учесник на Консултативниот форум EASO во Атина заедно со повеќе од 200 претставници на граѓански организации и индивидуалци

На 28-29 ноември 2016 година, во Атина, Грција, се одржува шестата пленарна средба на Консултативниот форум на европската канцеларија за поддршка на азилот (EASO). Целта на овогодишниот настан е да се дискутираат идеите и искуствата на граѓанските организации кои се релевантни за работата на EASO, поточно за жариштата на бегалци. 

viber-image

Мартина Смилевска Кчева, Менаџер на програмата за бегалци и мигранти на МЗМП присутствува на оваа средба каде што ќе ги сподели искуствата, резултатите и предизвиците кои произлегуваат од шестгодишниот и сеуште актуелен проект за Правна помош и застапување на лица од посебен интерес, поддржан од УНХЦР-Скопје.

Состанокот го отвори Европскиот комесар за миграции, внатрешни работи и државјанство, Димитрис Аврамопулос. Некои од најистактатите лица кои работат на полето на азилот ќе се обратат на форумот, вклучувајќи ги тука Извршниот директор на EASO Хозе Кариера, Директорот на бирото за Европа на УНХЦР Винсент Кохетел, Директорката на грчката служба за азил Марија Ставропилу и Генералниот секретар на ECRE Катрин Уолард.

viber-1image

На годинешниот форум ќе присуствуваат околу двесте учесници од повеќе од 26 земји од ЕУ и осум трети земји.

Како што е наведено во соопштението за јавност издадено од EASO,  на форумот учесниците ќе ги разменат најдобрите практики поврзани со имплементацијата на Програмата за релокација и за пристапот на жаришта. Понатаму, тие ќе дебатираат за тоа како да се комуницира и да се информираат бегалците и граѓаните како чинители, и ќе дискутираат за предизвиците во постапувањето со ранливи групи во ситуација на масовен прилив на мигранти. 

На меѓу-сесиите учесниците ќе дискутираат за нивните идеи, кои ќе се резимираат во завршната дебата со фокус на предизвиците од 2016 година, случувањата и начините како понатаму да се зацврстат синергиите помеѓу институционалните чинители и граѓанското општество во заедничките напори на справување со миграциската криза. 

Заднина:

Консултативниот форум претставува важен настан за дебата, размена на информации и прибирање знаење помеѓу EASO и засегнатите страни од граѓанското општество.Форумот е отворен кон граѓанските организации, индивидуалците кои работат на полето на азил на различни нивоа (локално, национално, европско или меѓународно ниво), како и за претставници на бегалските заедници. Властите на државите членки, претставниците на институциите на ЕУ и меѓународните организации, претставниците на општините, како и одреден број претставници од граѓанскиот сектор од земјите кои не се членки на ЕУ, се исто така поканети.