Правата на барателите на азил и мигрантите- промовирана збирка пресуди на ЕСЧП

Вечерва, Македонското здружение15657983_10154765252278604_346252234_o на млади правници во соработка со Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци во Скопје, ја промовираше новата збирка пресуди на Европскиот суд за човекови права, “Права на барателите на азил и мигрантите- збирка пресуди на Европскиот суд за човекови права со коментар”, која ја подготви Д-р. Мирјана Лазарова Трајковска, судија во Европскиот суд за човекови права, на иницијатива на Македонското здружeние на млади правници.

Во збирката се вклучени поважните пресуди на ЕСЧП во врска со правата на барателите на азил, бегалците и мигрантите, како и анализа и коментари на праксата на Судот.

Целта на ова издание, како што вели авторката, е за оние кои работат на оваа материја да имаат пред себе книга на македонски јазик, која на едноставен начин ќе им ги приближи најважните пресуди на ЕСЧП за заштита на правата на бегалците и мигрантите.

 

Заштита на правата на бегалците и мигрантите според Европската конвенција за заштита на човековите права

obuka1Од 28 до 30 ноември, 2016 година, Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во соработка со Советот на Европа, организира дводневна обука на тема „Заштита на правата на бегалците и мигрантите според Европската конвенција за заштита на човековите права“. 

Обуката опфаќа повеќе теми поврзани со избрани членови на Конвенцијата, како правото на живот (чл.2), забраната за тортура (чл. 3), правото на слобода  и безбедност (чл. 5), како и правото на почитување на приватниот и семејниот живот (чл. 8), во контекст на заштита на правата на бегалците и мигрантите.

obuka2

Правниците и адвокатите учесници ќе бидат во можност да се стекнат со  дополнителни знаења и вештини за успешно застапување пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур. За специфичната тема и цели на оваа обука, претседателот на МЗМП Зоран Дранговски, изјави:

„МЗМП организира ваква обука во соработка со Советот на Европа по дванаесетти пат. На овие обуки учествувале преку 300 млади правници, меѓу кои и адвокати кои работат предмети во Европскиот суд за човекови права. Фокусот овој пат е значењето и примената на членот 8 од ЕКЧП во контекст на правата на бегалците и мигрантите и семејното единство, како и постапката за семејно обединување како судска практика на ЕСЧП. Темата се идентификуваше како неопходна, земајќи ги в предвид миграциските движења и предизвиците со кои се соочува Република Македонија. Инаку, предавачите се високи претставници од Стразбур кои имаат значително искуство  во оваа област, нешто што е особено значајно за развојот на стручноста на младите правници. Јас верувам дека соработката ќе продолжи понатаму.”

Експертите Олексиј Готсул, правник во регистарот на Европскиот суд за човекови права, Флип Шулер, адвокат за имиграциja и азил од Одборот за миграции во Европската адвокатска комора и член на работната група на мрежата HELP за ЕКЧП и азил,  и Самуел Бутруш од Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци во Стразбур, низ неколку сесии и дискусии ќе им ја пренесат својата експертиза на учесниците.

obuka3

За важноста на ваквите обуки и резултатите кои се постигнуваат, адвокатот за имиграциja и азил од Одборот за миграции во Европската адвокатска комора, Флип Шулер изјави: 

„Една од добрите страни на ваквите обуки е дека адвокатите и правниците, заедно со судиите развиваат заеднички дијалог за состојбите во моментов во Македонија. Исто така, мислам дека е многу важно за сите чинители да разберат дека проблемите и предизвиците со кои тие се соочуваат се исти и во другите држави, како и дека во македонскиот контекст постои простор за напредување и развој, и за пресретнување на меѓународните стандарди во бегалското право.”

Самуел Бутруш од Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци во Стразбур, по завршувањето на првата половина од обуката, изјави:

„ Веќе можам да кажам дека е прилично импресивнa и квалитетна размената помеѓу учесниците, особено земјаќи в предвид дека имаме претставници од правната заедница, судии и претставници на државните органи. Нивото на знаење за судската пракса на Европскиот суд за човекови права ветува многу, може да се заклучи дека постои особен интерес за случаите со опасност по националната безбедност, како и за квалитетот на процесот на одлучување во постапката за азил. Се надеваме дека размената во обукава ќе овозможи учесниците да ја подобрат и продолжат имплементацијата на ЕСЧП на домашно ниво, бидејќи на многу од овие проблеми може и треба да им се обрне внимание.”

Дополнително, на обуката предвидено е учество да земат и практичари од различни области, кои низ панел дискусиите ќе придонесат за уште посеопфатна едукација во оваа област.

Working meeting: Challenges in the integration of refugees and stateless persons in Macedonia

On 18.10.2016 in Skopje, MYLA held a working meeting where the challenges in the integration of refugees and stateless persons in the country were discussed.

%d0%b1%d0%b5%d0%b7%d0%b4%d1%80%d0%b6%d0%b0%d0%b2%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be
Vladimir Ristovski, a lawyer in MYLA, spoke about the current situation and challenges in the process of naturalization of refugees in the Republic Macedonia on the basis of legal residence and marriage, and the rights of refugee children and their challenges in the asylum procedure and integration in Macedonia.
Aleksandra Efremova, also a lawyer in MYLA, talked about the risks of statelessness in Macedonia and presented the video on statelessness in Macedonia intended to raise awareness about statelessness. Efremova continued with presenting the Regional research on statelessness.

%d0%b1%d0%b5%d0%b7%d0%b4%d1%80%d0%b6%d0%b0%d0%b2%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-1
Among those present were representatives of MoI, MLSP, the Office of the High Commissioner of the United Nations refugee agency (UNHCR), JUMCRS, RIC Tetovo, FRMSP, NGO Lil, NGO Umbrella and SOS Children’s Village. Also present were people who daily face problems due to lack citizenship who told their stories and the challenges that they routinely face. For more photos, please click here.

[embedyt] http://www.youtube.com/watch?v=C9axGxV5AGc[/embedyt]

Предизвиците во процесот на интеграција на бегалците и лицата без државјанство во РМ

На 18.10.2016 во Скопје се одржа работна средба на која што се дискутираа предизвиците во процесот на интеграција на бегалците и лицата без државјанство во РМ.

%d0%b1%d0%b5%d0%b7%d0%b4%d1%80%d0%b6%d0%b0%d0%b2%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be

Владимир Ристевски, правник во МЗМП говореше за актуелната ситуација и предизвиците при процесот на натурализацијата на бегалците во Р. Македонија врз основа на законски престој и брак  и за  правата на децата бегалци и предизвиците во нивната постапката за азил и интеграција во Р. Македонија.

Александра Ефремова, исто така правник во МЗМП зборуваше за ризик од бездржавјанство во РМ и го презентираше видеото за бездржавјанството во РМ, наменето за подигнување на свеста за бездржавјанството. Ефремова понатаму го претстави и Регионалното истражување за бездржавјанството. 

%d0%b1%d0%b5%d0%b7%d0%b4%d1%80%d0%b6%d0%b0%d0%b2%d1%98%d0%b0%d0%bd%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%be-1Помеѓу присутните имаше претставници на МВР, МТСП, Канцеларијата на Високиот комесаријат при Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), ЈУМЦРС, РИЦ Тетово, ФРМСП, НВО Лил, НВО Амбрела и СОС Детско село. Исто така, присутни беа и лица кои секојдневно се соочуваат со проблеми поради немањето државјанство кои ги раскажаа своите приказни и предизвиците пред кои тие секојдневно се исправаат. За повеќе фотографии, кликнете тука.

[embedyt] http://www.youtube.com/watch?v=C9axGxV5AGc[/embedyt]