ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), објавува јавен повик за практикантска работа во здружението. МЗМП нуди позитивна работна средина, простор за професионална и лична надградба, како и менторство и поддршка во исполнување на работните задачи.

Услови за пријава:

  • Завршен минимум прв циклус на правни студии;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Основно познавање на Microsoft Office;
  • Интерес во областа на заштитата на човековите права;
  • Подготвеност за работа со луѓе со различна културна и социјална позадина;
  • Подготвеност за индивидуална и тимска работа;
  • Посветеност и одговорност кон доверените работни задачи.

Опис на работни задачи:

  • Истражување и собирање на податоци, на релевантни теми од областа на правото и заштитата на човековите права;
  • Поддршка на правниците во здружението при давање на правна помош;
  • Поддршка на вработените на здружението при спроведување на тековните активности;
  • Поддршка при организација на обуки и настани;
  • Административни и технички работи поврзани со работата на здружението.

Рок и потребни документи за аплицирање

МЗМП ги повикува сите заинтересирани млади дипломирани правници да испратат резиме/CV и мотивациско писмо (не подолго од 1 страна) на електронската адреса ashumkoska@myla.org.mk најдоцна до 31.03.2022 година.

Договор за практикантска работа и надоместок

Со избраниот кандидат МЗМП ќе склучи договор за практикантска работа во траење од 3 месеци. За практикантот/тката е предвиден месечен надоместок во согласност со Законот за практикантство.

За Македонското здружение на млади правници

Македонско здружение на млади правници (МЗМП) е невладина организација, формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредување на правничката професија, заштита на човековите права и слободи и унапредување на принципот на владеење на правото во Република Северна Македонија преку учество и работа на конкретни проекти. Во своето работење МЗМП става посебен фокус на континуирана едукација на младите правници.

Повикот можете да го преземете тука.

ЈАВЕН ПОВИК за поднесување апстракти за стручни статии од областа на правото

Македонското здружение на млади правници – МЗМП во рамки на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, објавува јавен повик за поднесување на апстракти за стручни статии од областа на правото. Избраните статии ќе бидат објавени во стручно списание кое МЗМП ќе го објавува на годишно ниво.

  1. Опис и цели на проектот

Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на младите дипломирани правници во нивниот професионален развој,  учество во реформски процеси и активности насочени за застапување од јавен интерес. Специфичните цели на проектот се: (1) Подобрување на практичните правни вештини и вештини за барање на работа по нивното дипломирање (2)Промовирање и поттикнување на критичко размислување и правно пишување од страна на млади правници за клучни прашања коишто влијаат на човековите права и владеењето на правото во општеството (3) Промовирање на општествена одговорност и активизам помеѓу младите правници кај  нивното локално население.

  1. Опис и цел на стручното списание

Целта на списанието е создавање професионален форум за објавување на стручни статии кој ќе послужи како медиум, каде правничкото мислење и визијата на младите правници во однос на клучни прашања поврзани со човековите права и владеење на правото, можат да бидат артикулирани на кохерентен и методичен начин. Списанието ќе промовира дебата за тековните процеси во областа на правото, а воедно ќе поттикне идеи за понатамошно подобрување на нашиот правен систем на таков начин каде што ќе се обезбедат и гарантираат човековите права и владеењето на правото.

Со цел да се обезбеди високо ниво на квалитет на статиите,  тие ќе бидат уредувани од страна на Уредувачки одбор составен од 3 стручни лица. Истите ќе ги  разгледуваат статиите од аспект на методолошка конзистентност, академска прецизност и форматирање на текстот. Секоја правна статија ќе биде ограничена до 3.500 зборови.

  1. Теми и области на пишување

Статиите потребно е да бидат на теми поврзани со заштитата на човековите права и владеење на правото во нашата држава.

Авторите на статиите, самостојно ги избираат конкретните теми.

  1. Инструкции за пишување на апстрактот
  • Апстрактите треба да бидат напишани на македонски јазик;
  • Апстрактите треба да содржат до 400 зборови (не вклучувајќи ги фуснотите);
  • Апстрактите треба да дадат јасен и прецизен преглед на темата што е предмет на апстрактот;
  • Насловот на апстрактот да не содржи повеќе од 20 зборови, да биде со големи букви и да не содржи кратенки;
  • Апстрактите треба да бидат изработени во компјутерска техника, со користење на фонт Times New Roman, со големина на букви 12 и проред 1.15 за основен текст, со големина на букви 10 со проред 1 за текст во фусноти;
  • Апстрактите треба да бидат испратени во PDF формат.
  1. Потребни квалификации
  • Дипломиран правник на возраст до 35 години;
  • Интерес во областа на човековите права.
  1. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Секој млад правник кој ги исполнува потребните квалификации може да аплицира на овој јавен повик со поднесување на CV/резиме и поднесување на апстракт за темата и областа за која што сака да пишува правна статија.

Апликациите се доставуваат по електронски пат на следата адреса: contact@myla.org.mk најдоцна до 05.05.2020 со назнака Апстракт за стручна статија од областа на правото.

Пристигнатите апстракти ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија. Доколку апстрактот е прифатен ќе бидете известени. Со кандидатите кои што ќе се изберат, ќе биде потпишан договор за авторско дело и изјава со која што ќе потврдат дека трудот не бил претходно веќе објавен на друго место и во моментот не е поднесен за објавување на друго место. На избраните кандидати ќе им биде испратено и целосно упатство за пишување на правни статии.

МЗМП изјавува дека поднесените апстракти ќе се користат само за потребите на списанието.

За избраните кандидати предвиден е надомест во бруто износ од 6,600.00 денари.

 

Целиот повик во PDF верзија може да го најдете на следниов линк- Јавен повик за апстракти

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМА ЗА ПРАКТИКАНТСКА РАБОТА

Македонско здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија објавува јавен повик за учество во Програма за практикантска работа на млади правници. Програмата има за цел континуирана едукација на младите правници и зајакнување на нивните капацитети.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО:

  • Завршени три години правни студии (стекнати 180 кредити);
  • Интерес во областа на заштита на човековите права;
  • Основно познавање на англиски јазик.

Од практиктикантите се бара подготвеност да се обврзат на учество во текот на целокупното траeње на практикантската работа во циклусот од три месеци (април, мај и јуни) 2020 година.

Во периодот од месец април, мај и јуни 2020 година, Програмата ќе ги опфати следните градови: Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Струмица, Куманово и Тетово.

За учесниците на Програмата е предвиден фиксен месечен надоместок.

МЗМП ги повикува сите заинтересирани млади правници (вклучувајќи ги и студентите на постдипломски студии по право) да испратат свое резиме/CV и да испратат пополнет формулар (во прилог), на електронската адреса amarkovska@myla.org.mk или на ул. Донбас бр.14 1/6, 1000 Скопје, најдоцна до 22.03.2020 година.

Програмата се спроведува во соработка со судовите во Република Северна Македонија, Народниот правобранител, граѓански организации  и адвокатски канцеларии. Предвидено е секој учесник да помине три месеци практикантска работа во една институција (изборот на институцијата го определува проектниот тим).

Дополнително, покрај практикантската работа учесниците задолжително посетуваат една дводневна обукa на следните теми:

  1. практични правни вештини и основни етички вредности на правната професија
  2. вештини за барање на работа во правната професија и
  3. сензибилизација

Македонско здружение на млади правници (МЗМП) е невладина организација, формирана со цел зајакнување на придонесот на младите правници во унапредување на правничката професија, заштита на човековите права и слободи и унапредување на принципот на владеење на правото во Република Северна Македонија преку учество и работа на конкретни проекти. Во своето работење МЗМП става посебен фокус на континуирана едукација на младите правници.

Сите избрани кандидати кои што ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.

Целосниот повик може да го преземете на: ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРАКТИКАНТСКА ПРОГРАМА

Прилог: ФОРМУЛАР-ЗА-ПРИЈАВУВАЊЕ

 

ОГЛАС – Проектен менаџер во канцеларијата на МЗМП во Гевгелија

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) Скопје, објавува оглас за проектен ангажман на проектен менаџер (part time) за потребите на проектoт “Analyze and present the necessary improvements and finding an optimal balance between strengthening the position of refugees and migrants and the opportunities in the targeted municipalities” кој се спроведува како дел од проектот “Building together – Community Monitoring and Advocacy” на Европската Унија, а имплементиран од Konrad-Adenauer-Stiftung, ATINA- Citizens` Association for Combating Trafficking in Human Beings and all forms of Gender-based Violence и Здружението на правници на Македонија.

Опис на работни задачи:

  • Програмско, административно и финаниско раководење со проектот во согласност со правилата и политиките на донаторот и МЗМП;
  • Обезбедување навремено спроведување на планираните проектни активности;
  • Координирање и следење на работата на експертскиот тим во рамки на Проектот;
  • Поддршка на експерот со истражувања и правни анализи;
  • Организација на планираните настани во рамки на проектот;
  • Одржување на постојана комуникација и координација со донаторот и сите надлежни државни органи, установи и институции;
  • Наративно и финансиско известувaње на донаторот.  

Потребни квалификации:

  • Дипломиран правник,
  • Претходно работно искуство (вклучувајќи и пракса),
  • Искуство во спроведување на проекти ќе се смета за предност,
  • Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;
  • Компјутерски вештини;
  • Напредни организациски и комуникциски вештини.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати за потребно е да достават кратка биографија (CV), мотивациско писмо и доказ за завршено високо образование. Во кратката биографијa потребно е да бидат наведени референци и контакт податоци во однос на работното искуство. Апликациите се доставуваат на следната електронска адреса: contact@myla.org.mk најдоцна до 20.04.2018. При доставувањето на апликациите да се наведе позицијата. 

 

Постапка за избор на кандидат/ка:

Единствено кандидатите кои ги исполнуваат во целост условите ќе бидат дополнително контактирани.

Работното место е во канцеларијата на МЗМП во Гевгелија со времетраење од 6 месеци.

Избраниот кандидат започнува со работа веднаш по склучувањето на договорот.

 

 

 

Aдвокати и млади правници на обука за критериуми за допуштеност на апликации до ЕСЧП

Викендов во хотел Метропол во Охрид се одржа обука за адвокати и млади правници на тема „Критериуми за допуштеност на апликации до Европскиот суд за човекови права и вештини за јавно говорење“.

DSC_0094

Акцент беше ставен на пополнувањето на формуларот за апликација до ЕСЧП, најчестите грешки поради кои апликациите се отфрлаат како недопуштени, но и суштинските критериуми кои апликантите мора да ги имаат предвид при аплицирањето, како на пример рокот за поднесување, исцрпувањето на домашните правни лекови, статусот на жртва, постоењето на штета и слично.

DSC_0063

Вториот дел од обуката се однесуваше на вештините за јавно говорење во судница и при давање изјава за новинари кои учесниците ги вежбаа преку симулација на судење и симулација на ТВ дебата. Во овој дел секој од учесниците доби коментари, совети и препораки во однос на унапредување вештините за јавно говорење. Обуката беше спроведена во рамки на проектот на УСАИД за заштита на човековите права, имплементиран од МЗМП.

DSC_0144