дф

Меморандум за соработка со општините Гевгелија, Куманово и Бутел

Во текот на минатиот месец, Македонското здружение на млади правници потпиша Меморандум за соработка со три општини: Општина Гевгелија, Општина Куманово и Општина Бутел. Главната цел на оваа соработка е зголемување на капацитетите и разбирањето на единиците на локалната самоуправа, за својата обврска според националното законодавство за бегалците, како и поттикнување на конструктивен дијалог меѓу локалните[…]

capture

Повик за ангажман за експерт за подготовка на програма за обука и спроведување на обука за теренски работници

Македонско здружение на млади правници има потреба од Експерт за подготовка на програма за обука и спроведување на обука за теренски работници на одредени теми во рамки на Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите.  Подетално за повикот тука:  TOR for national experts МКД   

capture

Повик за ангажман за експерт за подготовка на прирачник за спроведување на стандардни оперативни процедури

Македонско здружение на млади правници има потреба од Експерт за подготовка на прирачник за спроведување на стандардни оперативни процедури во рамки на Проектот на УСАИД за заштита на правата на бегалците и мигрантите.  Целосниот повик тука: ТоР за подготовка на прирачник за спроведување на стандардни оперативни процедури (Заштита на мигранти и бегалци). 

dsc_0631

Нашите невидливи деца – предавања за средношколци за бездржавјанството кај децата во РМ

Македонско здружение на млади правиници одржа предавања во скопското средно училиште „Васил Антевски – Дрен” на тема „Нашите невидливи деца- бездржавјанството кај децата во Македонија“. Правниците Александра Ефремова и Иван Кочовски зборуваа за причините заради кои децата во нашата земја и во светот остануваат без државјанство, страшните последици со коишто тие секојдневно се соочуваат, како и за[…]

capture

Oбука за човекови права за младите правници дел од практикантската програма на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права

Минатиов викенд се одржа обука за млади правници во рамки на Проектот на УСАИД за заштита на човековите права која ја проследија правниците кои се дел од програмата за практикантска работа на проектот. Еден од предавачите, адвокатката Софија Бојковска ги запозна учесниците со основните елементи (принципи) на концептот на човековите права и одржа практични вежби.[…]

viber-image

Годишно собрание на МЗМП- ентузијазам за постојано подобрување

Вчера (15 ноември 2016) во хотелот Солун во Скопје, МЗМП одржа Годишно собрание на коешто присутствуваа вработени и членови на здружението. Во единствена колективна атмосфера, присутните имаа можност да ги следат презентациите на кандидатите за членови на Управниот одбор  и за претседател на МЗМП, како и да поставуваат прашања и да дискутираат околу предлозите и идеите на[…]

child-silhouette

Прифаќање на непридружувани малолетници и разделени деца во прифатните центри и улогата на старателите

  Во периодот од 03.11-04.11.2016 година во Скопје, МЗМП во соработка со организацијата Група 484 од Белград, организираше обука на тема „Прифаќање на непридружувани малолетници и разделени деца во прифатните центри и улогата на старателите”.Обуката беше поддржана од Холандска Амбасада во Белград.  Обуката  ја следеа вработени од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Скопје, Прифатниот центарот за[…]