Родови аспекти во обезбедувањето на заштита на бегалци и мигранти- обука за теренски работници од МВР, МТСП и граѓански организации
Од 28 до 30 септември 2016, во Струга се одржа обука на тема „Родови аспекти во обезбедувањето на заштита на бегалци и мигранти”, овозможена од Оксфам Италија, финансиски подржана од Агенцијата за жени на Обединетите Нации и имплементирана од страна на МЗМП. Обуката беше наменета за теренските работници од МВР, МТСП и граѓанские организации кои секојдневно работат со бегалци и мигранти. Обуката беше интензивна и динамична, со триесетина учесници и седум обучувачи.
Преглед низ бројки на состојбите со бегалската криза во Македонија даде Иван Штерјоски, претставник на Оксфам Италија за Македонија, додека за основните поими за родот, односите на моќ во семејството и заедницата и насилството говореа Николина Кениг, професор на Институтот по психологија во Скопје, и Стојанка Мирчева, професор на Факултетот за безбедност во Скопје. Истите обучувачи во детали презентираа за родово базираното насилство и регулативата во локална и интернационална рамка.
Претставничките од МТСП, Елена Грозданова, државен советник за еднакви можности, и Светлана Цветковска, говореа за трговија со луѓе и препознавањето, превенцијата на истатата, како и за постапката и регулативата во национална и меѓународна рамка. Биљана Страмшак Ѓуровска, професор по родови студии, презентираше други видови на ранливости кај лица во социјален ризик.
Маја Варошлија, претставник на НВО Ластрада, презентираше студии на случај и водеше работилници за родово и културно сензитивно постапување со бегалци и мигрантисо теренските работници. Конечно, Вера Мартиноска, правник од МЗМП презентираше Прирачник за родово сензитивно постапување со бегалци и мигранти.