Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Прва наменска обука за адвокати и правници од невладиниот сектор

Од 28ми до 30ти Јануари 2016 година, во Хотел Нар, Гевгелија, Македонското здружение на млади правници ја одржа првата, од предвидените две, наменски обуки за адвокати и правници од невладиниот сектор во рамките на проектот „Подобрување на заштита на правата и услугите на мигрантите и барателите на азил во Македонија“.

Првата обука претставуваше воведување на учесниците во релевантната законска регулатива применлива во РМ како и правилата кои се воспоставени со истата. Бесплатната правна помош во постапка за признавање на правото на азил за барател на азил како корисник на правото, во истоимениот закон е предвидена од  декември 2011 година. Со оглед на тоа дека станува збор за специфична материја, во чие оживување Македонското здружение на млади правници е вклучено уште од самите почетоци, експертскиот тим на МЗМП преку студија на случај и преку практична вежба ја приближи суштината, значењето и важноста на оваа алатка во остварување на актуелното право на азил.

Како обучувачи ангажирани од проектот беа г-дин Жарко Хаџи Зафиров – Адвокат, г-дин Митко Кипровски – Офицер за азил и мешани миграции во МЗМП, г-дин Ангел Кочев – правник во МЗМП.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.