
Оглас за вработување на правник за азил и мешани миграции
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите на проектот “Правна помош и застапување на лица од интерес на УНХЦР” кој го спроведува заедно со канцеларијата на Високиот Комесар за бегалци во Скопје (УНХЦР) објавува оглас за вработување на двајца правници за азил и мешани миграции.
Квалификации:
- Стручна подготовка – Завршен Правен факултет
- Искуство во правна професија минимум 3 години
- Минимум 2 години работно искуство на проекти во граѓанскиот сектор (работа со маргинилизирани лица ќе се смета за предност)
- Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик (познавање на албански, француски, арапски и други јазици се смета за предност)
- Одлично познавање на Word, Excelи Power Point
- Одлични комуникациски и организациски способности
- Активен возач (Б категорија)
- Способност за работа во мултиетничка средина
Делокруг на работа:
- Застапување на баратели на азил, бегалци и други лица од интерес во постапката за азил пред релевантните национални органи;
- Обезбедување на директна правна помош за нови баратели на азил;
- Асистирање при поднесување на барања за признавање на право на азил до МВР;
- Подготвување на соодветни материјали поврзани со индивидуални случаи;
- Подготвување на случаите за понатамошно правно постапување на Адвокатот пред релевантните судови;
- Подготвување на ставови поврзани со идентификувани пропусти во постапката за азил;
- Асистирање на новите баратели на азил при пополнување на писмени апликации за признавање на право на азил заедно со претставници на Одделението за азил;
- Раководење со податоците кои што произлегуваат од предметите и да врши подготовка на податоци за потребите на офицерот за азил и миграции;
- Предлагање на планови и подготовка на извештаи за посета на полициски станици и гранични премини;
- Одржување на континуирана комуникација со државни институции, донаторот како и другите организации релевантни за успешно спроведување на активностите.
Дополнителни информации:
- Работните активности се одвиваат во канцелариите на МЗМП во Шуто Оризари и ПЦ Визбегово;
- Работно време од понеделник до четврток од 08:00 до 16:30, во петок од 08:00 до 14:00;
- Работникот се ангажира со полно работно време;
- Избор на работникот ќе се изврши на 26.05.2015 година.
Ве молиме вашите биографии заедно со мотивационо писмо да ги испратите на следната електронска адресаcontact@myla.org.mk. Истите да се поднесат најдоцна до 19.05.2015 година.
Само апликациите кои ќе поминат во вториот круг ќе бидат контактирани.