Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во РСМ за 2020 година

На 20ти јуни- Светскиот ден на бегалците, Македонското здружение на млади правници (МЗМП)  во соработка со Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ)  и Канцеларијата на Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации во Северна Македонија – УНХЦР распишува “Јавен повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство во Република Северна Македонија за 2020 година”.

Поднесоците треба да припаѓаат во следниве категории:

  • Напис или серија написи
  • Фотографија
  • Мултимедијален производ

Прилозите треба да се фокусираат на искуството на бегалците,  барателите на азил, потенцијалните баратели на азил и лицата без државјанство, како и да имаат придонесено кон запознавање и подигнување на свеста на широката јавност на теми поврзани со нив.

Сите доставени поднесоци ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:

  • Претставува авторско новинарско остварување објавено во медиум во текот на 2020 година (од 01.01.2020 година до 31.12.2020 година)
  • Содржи автентични приказни за искуството на бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство
  • Покажува чувствителност и почит кон бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство
  • Избегнува сензационализам и стереотипизација
  • Кандидатите се државјани на Република Северна Македонија

Поднесените прилози и фотографии ќе бидат оценувани од страна на Комисија составена од истакнати новинари, фоторепортери и медиумски експерти од Здружението на новинарите на Република Северна Македонија, членови на Македонското здружение на млади правници и претставници oд Претставништвото на УНХЦР во Северна Македонија. Комисијата ќе го оценува секој поднесок поединечно фокусирајќи се на тоа како е прикажана приказната на бегалците и дали содржи карактеристики на професионално известување.

Важно :

  • Може да се конкурира со максимум 3 прилога/написи/фотографии/мултимедијален производ;
  • На конкурсот не може да конкурираат новинари со стории за кои имаат добиено грантови од страна на МЗМП во партнерство со УНХЦР;
  • Пишаните написи да бидат испратени во верзија PDF, со датум на објавување;
  • Мултимедијалните производи да бидат испратен преку WeTransfer, со назначен датум на објавување;
  • Фотографиите да бидат во JPG формат, најмалку 2000 пиксели на подолгата страна и резолуција 300 dpi. За нив да се наведе во кој медиум и кога се објавени.
  • Сите поднесоци да се испратат по електронска пошта, на contact@myla.org.mk, и во насловот да биде назначено името на јавниот повик; или да се испратат преку пошта/достават до канцеларијата на Македонското здружение на млади правници на ул.Донбас 14/1-6, 1000, Скопје во затворен плик, а на пликот да биде назначено името на јавниот повик;
  • Повеќе информации во врска со јавниот повик и начинот на поднесување на прилозите може да се добијат од Олгица Танчева на тел. 071/395-399 или на адресата otanceva@myla.org.mk

Рокот за аплицирање е 17.07.2021 година.

Изборот на стручната комисија ќе биде објавен најдоцна до 30.07.2021 година. 

 Повикот е достапен на албански и англиски на следните линкови:

🇦🇱 THIRRJE PUBLIKE për gazetarë Dita e Refugjatëve 2021

🇬🇧 PUBLIC CALL for Journalists- Refugee Day 2021

 

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.