Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК за поднесување концепти со опис и идеја за стручни статии од областа на правото

Македонското здружение на млади правници – МЗМП во рамки на проектот “Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, објавува јавен повик за поднесување на концепти со опис и идеја за стручни статии од областа на правото. Избраните статии ќе бидат објавени во стручното списание “Правен фокус”, кое МЗМП започна да го издава на годишно ниво.

  1. Опис и цели на проектот

Проектот има за цел да ги зајакне капацитетите на младите дипломирани правници во нивниот професионален развој,  учество во реформски процеси и активности насочени за застапување од јавен интерес. Специфичните цели на проектот се: (1) Подобрување на практичните правни вештини и вештини за барање на работа по нивното дипломирање (2)Промовирање и поттикнување на критичко размислување и правно пишување од страна на млади правници за клучни прашања коишто влијаат на човековите права и владеењето на правото во општеството (3) Промовирање на општествена одговорност и активизам помеѓу младите правници кај нивното локално население.

  1. Опис и цел на стручното списание

Целта на списанието е создавање професионален форум за објавување на стручни статии кој ќе послужи како медиум, каде правничкото мислење и визијата на младите правници во однос на клучни прашања поврзани со човековите права и владеење на правото, можат да бидат артикулирани на кохерентен и методичен начин. Списанието ќе промовира дебата за тековните процеси во областа на правото, а воедно ќе поттикне идеи за понатамошно подобрување на нашиот правен систем на таков начин каде што ќе се обезбедат и гарантираат човековите права и владеењето на правото.

Со цел да се обезбеди високо ниво на квалитет на статиите, тие ќе бидат уредувани и рецензирани од страна на Уредувачки одбор составен од 3 стручни лица. Истите ќе ги  разгледуваат статиите од аспект на методолошка конзистентност, академска прецизност и форматирање на текстот. Секоја правна статија ќе биде ограничена до 3.500 зборови.

  1. Теми и области на пишување

Статиите потребно е да бидат на теми поврзани со заштитата на човековите права и владеење на правото во нашата држава.

Авторите на статиите, самостојно ги избираат конкретните теми.

  1. Инструкции за пишување на концептот
  • Концептите треба да бидат напишани на македонски јазик;
  • Концептите треба да содржат до 400 зборови (не вклучувајќи ги фуснотите);
  • Концептите треба да дадат јасен и прецизен преглед на темата што е предмет на концептот;
  • Насловот да не содржи повеќе од 20 зборови да биде со големи букви и да не содржи кратенки;
  • Концептите треба да бидат изработени во компјутерска техника, со користење на фонт Times New Roman, со големина на букви 12 и проред 1.15 за основен текст, со големина на букви 10 со проред 1 за текст во фусноти;
  • Концептите треба да бидат испратени во word документ.
  1. Услови за аплицирање
  1. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Секој млад правник кој ги исполнува потребните квалификации може да аплицира на овој јавен повик со поднесување на CV/резиме, доказ за завршен правен факултет и поднесување на концепт со опис на темата и областа за која што сака да пишува правна статија.

Апликациите се доставуваат по електронски пат на следата адреса: contact@myla.org.mk најдоцна до 09.05.2021 со назнака Концепт за стручна статија од областа на правото.

Пристигнатите концепти ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија. Доколку концептот е прифатен ќе бидете известени.

Со кандидатите кои што ќе се изберат, ќе биде потпишан договор за авторско дело и изјава со која што ќе потврдат дека трудот не бил претходно веќе објавен на друго место и во моментот не е поднесен за објавување на друго место.

На избраните кандидати ќе им биде испратен водич за пишување на правни статии подготвен од страна на Уредувачкиот одбор. Дополнително, пред започнување на процесот на пишување на стручната статија, за авторите ќе биде организирана дводневна обука за академско пишување и презентација на водичот. Присуството на обуката е задолжително.

МЗМП изјавува дека поднесените концепти ќе се користат само за потребите на списанието.

  1. Исплата на надомест

За избраните кандидати предвиден е надомест во бруто износ од вкупно 6,600.00 денари. Исплатата на хонорарот ќе се изврши на следниот начин:

Прва рата: 50% од целосниот надомест по доставување на првата драфт – верзија од стручната статија;

Втора рата: 50% од целосниот надомест по доставување на финалната верзија од стручната статија.

Дополнителни информации:

Контакт лице за овој јавен повик е Ангела Шумкоска, е-пошта: ashumkoska@myla.org.mk и тел: 02 3220 870.

Првото издание од списанието “Правен фокус” може да го погледнете на – https://myla.org.mk/wp-content/uploads/2020/12/MYLA-SpisaniePravenFokus-PrvoIzdanie.pdf

Повикот може да го погледнете со кликање на Јавен повик за поднесување концепти со опис и идеја за стручни статии од областа на правото

 

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.