Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК за избор на три (3) експерти/ки за изработка на документ за јавна политика за потребните реформи во националното законодавство за  соодветно транспонирање на Директивата на жртвите.

ЈАВЕН ПОВИК

За избор на три (3) експерти/ки за изработка на документ за јавна политика за потребните реформи во националното законодавство за  соодветно транспонирање на Директивата на жртвите.

 

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и СОС Детско село Северна Македонија, за потребите од спроведување на проектот ,,Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела’’ финансиран од Европската Унија преку Министерството за финансии на РСМ- Секторот за централно финансирање и склучување на договори во рамките на програмата Strengthening the impact of the civil society in effective justice sector reforms – IPA II 2014 – EuropeAid /159467/ID/ACT/MK имплементиран од страна на двете организации, објавува јавен повик за ангажирање на три (3) експерти/ки за изработка на документ за јавна политика за потребните реформи во националното законодавство за  соодветно транспонирање на Директивата на жртвите.

  1. Опис и цели на проектот

Општата цел на овој проект е да го подобри пристапот до правда за жртвите на насилни кривични дела преку воспоставување на национален сервис за правна и психо-социјална поддршка. Притоа, специфичните цели кои овој проект се стреми да ги оствари се следните: 1) Зголемување на пристапот до правна помош  и психо-социјална поддршка на деца, лица со попреченост,стари лица и жени –жртви на насилни кривични дела  2) зајакнување на капацитетите на адвокатите кои работат на заштита на жртвите на насилни кривични дела и 3)застапување за воспоставување на соодветно државно финансиран систем за правна поддршка. Основната активност на овој проект вклучува континуирана правна и психо-социјална поддршка која ќе се обезбедува на ранливи жртви на насилни кривични дела

  1. Опис и работни задачи

Заради исполнување на ангажманот предмет на овој јавен повик, експертите/ките треба да ги спроведат следните работни задачи:

  • Еден (1) експерт од областа на кривичното право и постапка (2 работни денови)
  • Еден (1) експерт од областа на психологијата, социјалната заштита, криминологија, виктимологија (3 работни денови)
  • Еден (1) експерт од областа на финансиите (5 работни денови)

 

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој јавен повик експертите/ките треба да ги спроведат следните работни задачи:

  • Подготовка на документ за јавна политика за идентификување на потребните реформи во националното законодавство , институционалната правна рамка и буџетирањето – области потребни за целосно усогласување со Директивата на жртвата, а и врз основа на подготвена ГАП анализа во рами на проектот.
  • Во документот за јавна политика треба да бидат формулирани препораки кои се применливи и изводливи и кои ги следат најдобрите практики на ниво на ЕУ од областа на правата на жртвите.
  • Да се стави посебен фокус на заштитата на ранливите категории на жртви, пред се на децата.
  • Документот за јавна политика ќе биде основ за инкорпорација на Директивата за жртвите во националната програма за усвојување на законодавството на ЕУ и основ за спроведување на законодавни реформи и истиот ќе биде проследен до институциите кои се надлежни за спроведување на законодавни реформи ( Министерство за правда, Влада и  Секретаријат за европски прашања).
  1. Потребни квалификации

3.1 За позицијата еден (1) експерт/ка од областа на кривичното право и постапка

  • Завршено високото образование од областа на правото. Завршени постдипломски студии или докторски студии во спомената област ќе се сметаат за предност.
  • Положен правосуден испит
  • Најмалку 7 години работно искуство во областа на кривично право и постапка. Работа со ранлива категорија на жртви на насилни кривични дела ќе се смета за предност.
  • Искуство во изработка на нормативни акти (Правилници, политики, кодекси, амандмани на закони итн.)
  • Напредно познавање на англиски јазик
  • Напредни истражувачки и аналитички способности
  • Искуство во изработка на анализи, тренинг модули, стратегии и програми ќе се смета за предност.

3.2 За позицијата еден (1) експерт/ка од областа на  психологијата, социјалната заштита, криминологија, виктимологија.

  • Завршено високо образование од областа на психологијата, социјалната заштита, криминологија, виктимологија. Завршени постдипломски студии или докторски студии во спомената област ќе се сметаат за предност.
  • Најмалку 7 години работно искуство во струката. Искуство во работа со ранливи категории и жртви на насилство ќе се смета за предност.
  • Искуство во изработка и подготовка на анализи, тренинг модули, стратегии и програми.
  • Напредно познавање на англискиот јазик
  • Напредни истражувачки и аналитички способности

 

3.3 За позицијата еден (1) експерт/ка од областа на јавните финансии

  • Завршено високо образование од областа на економија и финансии. Завршени пост дипломски или докторски студии во споменатата област ќе се сметаат за предност.
  • Најмалку 7 години работно искуство во струката. Познавања од изрaботка и развивање на фискални политики, буџетскиот процес и реформи во буџетските политики ќе се смета за предност.
  • Искуство во изработка на документи за јавни политики, анализи за буџетски процес и реформи во буџетски политики, анализи на трошоци и придобивки, анализи на фискални импликации од политики, финансиски анализи, стратегии.
  • Напредно познавање на англискиот јазик
  • Напредни истражувачки и аналитички способности
  1. Временска рамка

Документот за јавна политика треба да се изработи во јануари 2020 година.

  1. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Секој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на професионално CV на следната е-маил адреса: contact@myla.org.mk со назнака ,, Пријава на јавен повик за изработка  на документ за јавна политика”.

Во прилог на CV-то, кандидатот/ката треба да достави примерок /активен линк од документите наведени во точка 3 од овој повик во чија изработка учествувал/а.

Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП.

Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување на кандидатите.

Рокот за пријавување е до 23.12.2019, 16:30 часот.

 

Целосниот повик може да го преземете на: Јавен повик за изработка на полиси документ 

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.