Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected
Screenshot 8

Посебна програма за зајакнување на капацитетите на социјалните работници за работа со осудени и претходно осудени лица

Како резултат на заедичката соработка помеѓу Македонското здружение на млади правници и Заводот за социјални дејности, на Е-платформата за едукација на стручните работници во устнаовите за социјална заштита, поставена е посебна програма/обука за зајакнување на капацитетите на социјалните работници за работа со осудени и претходно осудени лица во процесите на ресоцијализација и реинтеграција.

Преку обуката, стручните работници од Центрите за социјални работици ќе можат да се стекнат и да ги прошират своите познавања во врска со поставеноста на пенетенцијарниот систем, процесот на ресоцијализација и реинтеграција на осудените лица, вклучително и на пост-пеналната грижа во која и тие имаат значајна улога.

Специфични цели на обуката се: Продлабочено знаење за значењето, услугите и остварувањето на постпеналната заштита како дел од процесите на ресоцијализација и (ре)интеграција на осудените лица; Градење на заеднички пристап и разбирање на постпеналната заштита и третман; Зајакнување на вештините и способностите на стручните работници во центрите за социјална работа во давањето постпенална помош и заштита и подобрување на соработката со другите чинители во системот на постпенална заштита.

Screenshot 8

Меѓу останатото, обуката нуди одговор на следниве прашања: Што преставува постпеналната помош и заштита и кои се целите? Што е неопходно за успешна ресоцијализација? Со какви потреби се соочуваа осуденит елица по излегувањето од КПУ? Што претставуваат процесни, а што материјални аспекти во пружање на постпенална помош? Кои чекори се потребни за создавање партнерства, односно мултисекторски пристап во рамките на постпеналната помош и тн.

Е- платформата на Заводот за социјални дејности е креирана за олеснување на начинот на едукација на стручните работници вработени во установите за социјална заштита и други даватели на социјални услуги, со можност за индивидуален пристап за следење на обуки, достапност на материјали во е-библиотеката, можност за онлајн и видео конференциски состаноци, стекнување со елетронска потврда за помината обука и лесен пристап до други алатки кои ги нуди е-платформата. Заводот за социјална работа е всушност јавната установа во чија надлежност е унапредување на социјалната дејност и која спроведува активности за професионален развој и постапка за лиценцирање на стручните работници во дејноста социјална заштита.

Screenshot 7 blended

Оваа активност е спроведена во рамките на проектот “Воспоставување услуги во заедницата за поддршка на ресоцијализација и реинтеграција на поранешни осуденици “, проект финансиски поддржан од Европската Унија и Меморандумот за соработка склучен помеѓу МЗМП и Заводот за социјални дејности.

Материјалите кои се поставени на е Е- платформата се дел од два модули кои беа изготвени од страна на експерти во областа. Тоа се следните:

  • Модул за обука за даватели на постпенална помош на претходно осудени лица и лица под пробациски надзор (стручни работници во центрите за социјална работа и пробациски службеници) и
  • Модул за обука за даватели на постпенална помош на претходно осудени лица и лица под пробациски надзор (стручни работници во центрите за социјална работа и пробациски службеници).

За запознавање со истите, во изминатиот период беа спроведени три обуки од страна на Заводот за социјални дејности и Македонското здружение на млади правници за давателите на постпенална помош на претходно осудени лица и лицата под пробациски надзор (стручни работници во центрите за социјална работа, пробациски службеници, лиценцирани даватели на услуги на локално ниво, невладини организации и други субјекти заинтересирани за обезбедување на иновативни социјални услуги.

Им благодариме на Заводот за социјални дејности за поддршката во спроведување на оваа активност преку која ресоцијализацијата и реинтеграцијата на осудените лица и постпеналната грижа се вклучи како посебна тема во рамките на Националната програма за социјална заштита (2022-2032)

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.