ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА ЗА УСЛУГИ ЗА ЛЕКТУРА И ЈАЗИЧНА РЕДАКЦИЈА ЗА 2025 ГОДИНА
1. ЗА ПОВИКОТ
Македонското здружение на млади правници за потрeбите на тековното работење во текот на 2025 година, спроведува јавен повик за избор на најповолна понуда за услуги за лектура и јазична редакција за 2025 година.
Повикот за избор е јавен, а постапката за избор на најповолна понуда се одвива со прибирање на понуди од повеќе домашни правни и физички лица регистрирани или овластени за предметната набавка.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
Договорна страна
Договорена страна е Македонско здружение на млади правници –МЗМП, со адреса на ул. Донбас бр. 14/1-6, 1000 Скопје, телефон за контакт 078-269-674, електронска адреса dnastevska@myla.org.mk , контакт лице – Даниела Настевска.
2.ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОР
Во рамки на овој повик ќе се изберат повеќе домашни, правни/физички лица (најмалку 2 за секоја ставка) кои во текот на 2025 година ќе спроведуваат:
– лектура и јазична редакција на текст на македонски јазик на публикации, документи и материјали подготвени во рамки на предвидените активности на проекти и организацијата;
(коригирање на приложениот текст во согласност со македонскиот стандарден јазик опишан во Правописниот речник на македонскиот јазик и во Толковниот речник на македонскиот јазик, т.е. коригирање на правописот и на нестандардната лексика, изнаоѓање терминолошки решенија, јазични решенија за нестандардна лексика (колоквијализми, дијалектизми, жаргонизми и сл.) и обезбедување проодност на текстот.
Поединичните договори ќе се доделуваат на следниот начин:
- Без повторно прибирање на понуди
Со избраните понудувачи ќе се склучи договор за соработка со кој подетално ќе се утврдат меѓусебните права и обврски.
Со избраните понудувачи ќе се работи наизменично согласно предвидените активности и потребите.
3. ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество има секое заинтересирано домашно правно или физичко лице – понудувач, кое е регистрирано/лиценцирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот, односно го нудат предметот на набавката.
- Искуство од најмалку 5 години во оваа област
- Портфолио со претходни проекти во соодветната област.
- Способност за работа во зададени рокови
4. ВРЕМЕНСКА РАМКА
Лекторските услуги треба да бидат реализирани во текот на 2025 година, почнувајки од датумот на склучување на договорот.
5. РОК И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Понудите се доставуваат по електронски пат и тоа најдоцна до 07.02.2025 година. Рокот се продолжува до 12.02.2025 година. Неуредните понуди што не се доставени на начин како што се бара во јавниот повик, односно, содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и тие што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат.
Понудата треба да содржи:
- Кратка биографија/портфолио
- Референтна листа од спроведени слични активности и изработени слични материјали
- Финансиска понуда (вкупна бруто цена за услугата изразена во МКД со изразено ддв за правни лица и персонален данок за физички лица)
Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:
Лектура и јазична редакција на текст на македонски јазик по страна * |
*Сметано по 1800 карактери со празен простор за страница
6. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
Документите треба да се достават по електронски пат на е-пошта: [dnastevska@myla.org.mk] со назнака: „Јавен повик за лектура на текст на македонски јазик и јазична редакција“;
7. НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ
- Начинот на плаќање е вирмански по доставен и одобрен писмен превод од страна на МЗМП, проектниот координатор на проектот, односно по одржан и реалзиран настан за симултан превод.
- Начин на плаќање: во рок од 7 дена од денот испораката на услугата.
- Не се предвидува авансно плаќање
7. ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР
Административната проверка од страна на комисијата за јавни набавки на МЗМП на добиените понуди ќе овозможи утврдување на прифатливи понуди, предмет на евалуација, кои ги исполнуваат барањата од точка 5.
Комисијата за набавки на МЗМП носи решение за избор на најповолна понуда/и и со тој/тие понудувач/и ќе биде склучен договор за 1 година со можност за продолжување.
За носител на набавката ќе биде избран понудувач чија понуда ќе освои вкупно најголем број на бодови на критериумите за најповолна понуда, и тоа:
- Експертиза на лицето/тимот (претходно искуство во лектура и јазична редакција, сертификати, лиценци и референци):50 бодови
- Финансиска понуда: 50 бодови
8. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
МЗМП го задржува правото да го избере најсоодветниот понудувач или да не избере понудувач доколку понудите не ги исполнуваат зададените критериуми.