Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА ЗА УСЛУГИ ЗА ПИСМЕН И СИМУЛТАН ПРЕВОД ЗА 2025 ГОДИНА

ЗА ПОВИКОТ

Македонското здружение на млади правници за потрeбите на тековното работење во текот на 2025 година, спроведува јавен повик за избор на најповолна понуда за услуги за писмен и симултан превод од македонски на албански и на англиски јазик и обратно за 2025 година.

Повикот за избор е јавен, а постапката за избор на најповолна понуда се одвива со прибирање на понуди од повеќе домашни правни и физички лица регистрирани или овластени за предметната набавка.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ

  • Договорна страна

Договорна страна е Македонско здружение на млади правници –МЗМП, со адреса на ул. Донбас бр. 14/1-6, 1000 Скопје, телефон за контакт 078-269-674, електронска адреса dnastevska@myla.org.mk , контакт лице – Даниела Настевска.

ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОР

Во рамки на овој повик ќе се изберат повеке домашни,  правни/физички лица (најмалку 2 за секоја ставка) кои во текот на 2025 година  ќе спроведуват:

– писмен превод од македонски на албански јазик и обратно и јазична редакција на публикации, документи и материјали подготвени во рамки на предвидените активности на проекти и организацијата;

– писмен превод од македонски на англиски јазик и обратно и јазична редакција на публикации, документи и материјали подготвени во рамки на предвидените активности на проекти и организацијата;

– симултан превод од македонски на албански јазик и обратно за настани организирани од страна на организацијата во рамки на проектите и организацијата и

 – симултан превод од македонски на англиски јазик и обратно за настани организирани од страна на организацијата во рамки на проектите и организацијата.

Поедничните договори ќе се доделуваат на следниот начин:

  • Без повторно прибирање на понуди

Со избраните понудувачи ќе се склучи договор за соработка со кој подетално ќе се утврдат меѓусебните права и обврски.

Со избраните понудувачи ќе се работи наизменично согласно предвидените активности и потребите.

ПРАВО НА  УЧЕСТВО

  • Право на учество има секое заинтересирано домашно правно или физичко лице – понудувач, кое е регистрирано/лиценцирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот, односно го нудат предметот на набавката.
  • Искуство од најмалку 5 години во оваа област
  • Портфолио со претходни проекти во соодветната област.
  • Способност за работа во зададени рокови

ВРЕМЕНСКА РАМКА

Преведувачките услуги треба да бидат реализирани во текот на 2025 година, почнувајќи од датумот на  склучување на договорот.

РОК И НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Понудите се доставуваат по електронски пат и тоа најдоцна 03.02.2025 година. Неуредните понуди што не се доставени на начин како што се бара во јавниот повик, односно, содржат нецелосни податоци и некомплетна документација, како и тие што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да се разгледуваат.

Понудата треба да содржи:

  • Кратка биографија/портфолио
  • Референтна листа од спроведени слични активности и изработени слични материјали
  • Финасиска понуда (вкупна бруто цена за услугата изразена во МКД со изразено ддв за правни лица и персонален данок за физички лица)

Финансискиот дел од понудата треба да биде во следниот формат:

Писмен превод со јазична редакција од македонски на албански или англиски и обратно по страна * 
Симултан превод од македонски на албански или англиски и обратно до 3 часа 
Симултан превод од македонски на албански или англиски и обратно, по ден  

*Сметано по 1800 карактери со празен простор за страница

НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

Документите треба да се достават по електронски пат на е-пошта: [dnastevska@myla.org.mk] со назнака: „Јавен повик за писмен превод и јазична редакција од македонски на албански или англиски јазик  и обратно“;

 „Јавен повик за симултан превод од македонски на албански или англиски јазик и обратно“;

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ

  • Начинот на плаќање е вирмански по доставен и одобрен писмен превод од страна на МЗМП, проектниот координатор на проектот, односно по одржан и реалзиран настан за симултан превод.
  • Начин на плаќање: во рок од 7 дена од денот испораката на услугата.
  • Не се предвидува авансно плаќање

ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР

Административната проверка од страна на комисијата за јавни набавки на МЗМП на добиените понуди ќе овозможи утврдување на прифатливи понуди, предмет на евалуација, кои ги исполнуваат барањата од точка 5.

Комисијата за набавки на МЗМП носи решение за избор на најповолна понуда/и и со тој/тие понудувач/и ќе биде склучен договор за 1 година со можност за продолжување.

За носител на набавката ќе биде избран понудувач чија понуда ќе освои вкупно најголем број на бодови на критериумите за најповолна понуда, и тоа:

  • Експертиза на лицето/тимот (претходно искуство во писмен и симултан превод од македонски на албански или англиски јазик и обратно, сертификати, лиценци и референци): 50 бодови
  • Финансиска понуда: 50 бодови

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

МЗМП го задржува правото да го избере најсоодветниот понудувач или да не избере понудувач доколку понудите не ги исполнуваат зададените критериуми.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.