Јавен повик за избор на најповолна финансиска понуда за добавувач на канцелариски материјали за МЗМП за 2025 година
За повикот
Македонското здружение на млади правници за потребите на тековното работење во рамки на проектите што ги спроведува, а кои се финансирани од: Европската Унија, УНХЦР, Совет на Европа, GCERF, Амбасадата на Кралството Холандија и други донатори, спроведува јавен повик за избор на најповолна финансиска понуда за добавувач на канцелариски материјали за МЗМП.
Постапка, правила и рок за пријавување
Повикот за избор е јавен, а постапката за избор на најповолна финансиска понуда се одвива со прибирање на понуди од повеќе домашни правни лица регистрирани или овластени за предметната набавка. По завршување на повикот, прибраните понуди се доставуваат до комисијата за набавки на МЗМП, која носи решение за избор на најповолна финансиска понуда и со тој понудувач ќе биде склучен договор за 1 година со можност за продолжување.
Финансиските понуди се доставуваат по електронски пат до: bkolashinac@myla.org.mk и тоа најдоцна до 10.1.2025 година, согласно техничката спецификација во прилог. Цената на чинење на услугите треба да биде изразена во вкупна сума без ДДВ и со ДДВ, за секоја ставка одделно. Доколку финансиската понуда не ги содржи бараните податоци, истата нема да биде земена предвид. Набавките ќе се вршат по потреба и истите ќе бидат во вкупен износ од 100.000,00 -200,000.00 денари годишно.
Понудата треба да содржи податоци за:
- цена (поединечна и зависно од количина) и попуст на цена,
- земја на потекло на производите,
- вид на производот со шифра за да може истиот да се провери на веб страна,
- рок на испорака,
- начин на деловна соработка и
- усогласеност со Закон за заштита на лични податоци.
Потребно е да се достават следниве документи:
- финансиска понуда по техничка спецификација за набавка на канцелариски материјали
- каталог
- тековна состојба
- документ со објаснет рок за испорака и начин на соработка (може да биде вклучено и во самата финансиска понуда)
Критериуми за избор
Критериумите за избор на најповолен понудувач се:
- -најповолна финансиска понуда – 70 поени
- -каталог – 20 поени
- -друга документација – 10 поени
Прилог: ТЕХНИЧКА СПЕЦИФИКАЦИЈА ЗА НАБАВКА НА КАНЦЕЛАРИСКИ МАТЕРИЈАЛИ (стандардна)
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број поени.
Рокот за пријавување е заклучно со 10.01.2025 година.
Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката.
Контакт: bkolashinac@myla.org.mk