Јавен повик за доделување грантови на граѓански организации за спроведување акции за заштита на животната средина
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) во рамки на проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“ финансиски поддржан од Европската Унија објавува Јавен повик за доделување грантови на граѓански организации за спроведување акции за заштита на животната средина.
Проектот „Добро владеење во животната средина на Зелена Агенда за Западен Балкан“ е акција финансиски поддржана од Европската Унија во рамки на програмата EU Support to Civil Society and Media Organisations in the Republic of North Macedonia, IPA Civil Society Facility Programme 2022-2023. Проектот се спроведува во периодот од 1 јануари 2024 година до 1 јануари 2027 година од страна на Центарот за правни истражувања и анализи, Македонското здружение на млади правници и Фронт 21/42.
Во рамки на зајакнувањето на капацитетите на локалните и основните граѓански организации, проектот предвидува финансиска и менторска поддршка на граѓански организации за спроведување конкретни иницијативи поврзани со следење на заштитата на животната средина и искористување на институционалните правни механизми за адресирање на предизвиците. Грантовите се наменети за проекти кои непосредно придонесуваат кон остварување на целите и резултатите на овој повик.
Пријавите се доставуваат по електронски пат на следната адреса: contact@myla.org.mk најдоцна до 31.1.2025 година, 23:59 ч. со назнака на „Пријава за повик за грантови за спроведување акции за заштита на животната средина“.
Детални информации потребни за аплицирање на овој повик се достапни во следните документи: