ОГЛАС ЗА РАБОТНО МЕСТО ТЕРЕНСКИ ПРАВНИК ВО ТАБАНОВЦЕ
Позиција: Теренски правник во Табановце
За МЗМП
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е независна, непрофитна професионална организација основана во 2003 година, која обезбедува правна помош и стратешки застапува за заштита на човековите права. Со знаењето и иновативните капацитети на младите правници, МЗМП се стреми за промоција и унапредување на принципот на владеење на правото и влијае на јавните политики преку подготовка на истражувања и анализи. МЗМП се стреми за општество во кое владеењето на правото е воспоставено а луѓето проактивно се борат за почитување на нивните основни слободи и права.
Образложение
МЗМП во партнерство со Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, спроведува работи на обезбедување на правна помош и советување на странци и баратели на азил кои престојуваат во ПТЦ Табановце.
За потребите на канцеларијата на МЗМП во ПТЦ Табановце имаме потреба од теренски правник кој ќе биде дел од тимот на МЗМП и ќе работи заедно со тимот на МЗМП во канцеларијата во Скопје. Оваа позиција е со седиште во ПТЦ Табановце.
Обврски и задолженија
Теренскиот работник ќе ја врши својата должност во согласност со претходно утврден работен распоред, но не подолго од 40 работни часа неделно, ќе работи под надзор и ќе известува на проектниот координатор. Теренскиот работник ќе работи во блиски работни односи со релевантните државни институции, локални невладини и меѓународни организации кои работат и се присутни во Табановце.
Опис на работно место
Работната поддршка на теренскиот правник ќе вклучува, но нема да биде ограничена само на:
- Обезбедување на правни информации, совети и поддршка на баратели на азил и бегалци;
- Одржување на работни односи со државни институции и другите релевантни засегнати страни;
- Редовна комуникација со координаторот на проектот и канцеларијата на МЗМП во Скопје;
- Други задачи кои што ќе се наведени од страната на МЗМП.
Квалификации
- Универзитетска диплома од правен факултет;
- Една до три години работно искуство;
- Способност за работа во мултикултурна и динамична средина;
- Добро разбирање на основните аспекти на работа на терен во таква област;
- Добри интерперсонални вештини;
- Искуство во користење на MS Office и интернет алатки за известување/платформи се добредојдени;
Назначување/избирање
На теренскиот работник ќе му биде понуден договор за вршење на услуги со месечен бруто хонорар во висина од 33 990 денари. Позицијата е со седиште во ПТЦ Табановце. Теренскиот правник самостојно обезбедува транспорт до работното место.
Апликација
Апликацијата се состои од кратка биографија и мотивационо писмо (на македонски јазик) кои треба да се испратат на contact@myla.org.mk најдоцна до 07.06.2024 година.
Само успешните апликанти ќе бидат контактирани и поканети на интервју.