„ПРИВАТНОСТА НА ПРВО МЕСТО: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СВЕСТА, ЗАСТАПУВАЊЕТО И ДИГИТАЛНИТЕ ПРАВА КАЈ МЛАДИТЕ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ – НОВ ПРОЕКТ НА МЗМП
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) започна со имплементација на проектот „Приватноста на прво место: Зајакнување на свеста, застапувањето и дигиталните права кај младите во Северна Македонија“ (Privacy First: Enhancing Awareness, Advocacy, and Digital Rights Among Youth in North Macedonia) поддржан од Американската адвокатска комора – Иницијатива за владеење на правото.
Главна цел на проектот е да се зголеми свесноста за приватноста онлајн кај младите во Северна Македонија и да се зајакнат нивните знаења за заштита на личните податоци, како и да се залагаат за политики кои ја штитат приватноста на интернет.
Проектот е поделен на две компоненти со следниве цели:
Компонента 1: Зајакнување на младите и застапување за онлајн приватност
- Да се засилат капацитетите на младите активисти, кои работат на локално и национално ниво, за обезбедување на взаемна поддршка во случаи на нарушување на онлајн приватноста и за сензибилизирање за ова прашање во нивните заедници;
- Да се зголеми свесноста и разбирањето меѓу младото население за заштита на приватноста онлајн, вклучително користење на постоечки механизми за заштита.
Компонента 2: Застапништво за Политики за заштита на приватноста онлајн
- Да се зголеми и поддржи соработката и учеството на клучните заинтересирани страни во дискусијата за заштитата на приватноста онлајн меѓу младите луѓе, преку идентификување на клучните проблеми во законите и политиките и формулирање на препораки за нивно решавање.
Активности:
- Воспоставување соработка со младински организации и организации за млади со фокус заштита на приватноста на младите онлајн
- Избирање на 15 млади активисти кои имаат силна желба да се залагаат за приватноста на интернет
- Обучување на одбраните млади активисти на тема онлајн приватност, заштита на лични податоци и приватност
- Обучување на одбраните млади активисти за комуникациски стратегии и онлајн кампањи
- Спроведување на дигитална кампања за онлајн приватност и заштита на лични податоци кај младите
- Анализирање на постоечките политики и прописи поврзани со онлајн приватноста во Северна Македонија, со посебен фокус на младите.
- Застапување за промена на потребните прописи и предлози за нови политики.
Проектот започна да се спроведува на 15 јули 2023 и ќе се спроведува 10 месеци, односно до 15 мај 2024 година.