
„Инклузија на странците во Западен Балкан- пристап до социјални и економски права“- нов партнерски проект на МЗМП

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) започна со имплементација на проектот „Инклузија на странците во Западен Балкан- пристап до социјални и економски права“ (Inclusion of Fоreigners in Western Balkans – Access to Social and Economic Rights (FOSTER)) под програмата Support to Regional thematic networks of Civil Society Organisations; Small scale projects in support of good neighbourly relations between Serbia and Kosovo*; Regional CSOs networks promoting media freedom and freedom of expression; and Quality Journalism initiative EuropeAid/174154/DH/ACT/Multi.
МЗМП е носител на проектот, во соработка со партнерски организации од Западен Балкан вклучени во неформалната мрежа Балкански совет за бегалци и миграција (БРМЦ) и Данскиот совет за бегалци (ДРЦ) .
Партнери на МЗМП во спроведувањето на проектот се организациите Група 484 и Белградски центар за човекови права од Србија; Албански Хелсиншки Комитет од Албанија; Правен центар од Црна Гора; Ваша права од Босна и Херцеговина; Програма за граѓански права од Косово и Данскиот совет за бегалци.
Главна цел на проектот е усогласување со принципите на ЕУ за заштита на човековите права преку развој на инклузивни и недискриминаторски политики и ефективни практики за вклучување за ранливите категории странци како предуслов за успешен процес на приближување кон ЕУ и одржлив развој на Западен Балкан.
Целни групи се локални ГО и независни институции за човекови права во земјите на Западен Балкан.
Крајни корисници се ранливи странци во земјите од Западен Балкан (регуларни и нерегуларни мигранти, бегалци, жртви на различни кривични дела); релевантни владини институции и организации, судови, медиуми, академската заедница и граѓаните на Западен Балкан.
Активности:
- Идентификација на ГО и проценка на нивните капацитети за испораката на услуги и заштитата на права.
- Градење капацитети и вмрежување на ГО и независните институции за човекови права низ ЗБ со фокус на застапување,
промоција и заштита на социјалните и економските права и пристап до услуги за ранливи странци - Поддршка на до 24 национални и 6 регионални проекти за заштита на основните права на странците и менторство на ГО
- Активности за застапување за усогласување на политиките, правната рамката и праксата во ЗБ
Активностите на проектот во поширока смисла придонесуваат кон зајакнувањето на капацитетите на граѓанските организации и институциите и кон усогласувањето со принципите на ЕУ за заштита на човековите права преку развој на инклузивни политики и практики за странците.
Вкупно времетраење на проектот е 42 месеци (1 март 2023- 31 август 2026 година). Проектот се спроведува во шест држави од Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина) и секоја од партнерските организации е задолжена за имплементација на проектните активности во својата држава.
Соработници на проектот се Комисија за спречување и заштита од дискриминација на Северна Македонија; Заштитник на човековите права и слободи на Црна Гора; Заштитник на граѓаните на Република Србија; Комесар за заштита на еднаквоста, Србија; Народен правобранител на Косово.
Подолу можете да ги најдете основните информации за проектот:
https://myla.org.mk/wp-content/uploads/2023/07/one-pager-mk.pdf
https://myla.org.mk/wp-content/uploads/2023/07/оne_pager_ALB.pdf
https://myla.org.mk/wp-content/uploads/2023/07/оne_pager_SRB.pdf