Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Десет млади правници добија обука за практични правни вештини

На 07,08 и 09 ти јуни 10 млади правници следеа обука за зајакнување на нивните способности на темите Практични правни вештини и основни етички вредности на правната професија, Сензибилизација при работа со ранливи катеgории на лица и Вештини за барање на работа во правната професија. 

Младите правници се здобија со практични правни вештини (интервјуирање странки/клиенти, комуникациски вештини и застапување на странки/клиенти, логично расудување и аргументирање, правно пишување, правно истражување) кои секој правник треба да ги поседува по неговото дипломирање, како и запознавање, дефинирање и утврдување на основните етички вредности на правната професија. Тие имаа можност да го утврдат познавањето на овие вештини преку нивно непосредно применување/вежбање, како би ја премостиле празнината која ја чувствуваат по дипломирањето и започнувањето со работа.

Практикантите се дел од Програма за практикантска работа која ја спроведуваат во период април-јуни 2023 година, во институции (основни судови, народен правобранител, граѓански организации и адвокатска канцеларија) во Скопје, Битола и Прилеп.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.