Јавен повик за ангажирање на дизајнер/илустратор
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) како партнер на Канцеларијата на Високиот комесаријат за бегалци -УНХЦР го спроведува проектот ”Застапување за правна помош, изнаоѓање решенија и претставување на лицата кои се од интерес на УНХЦР и Застапување и помош за ставање крај на бездржавјанството”, спроведува:
Јавен повик за ангажирање дизајнер/илустратор.
Опис на ангажманот:
Ангажманот се состои од изработка на креативно визуелно решение кое ќе го пренесе значењето на заштитата на правата на бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство, како и адаптации на истото за онлајн и печатени формати. Специфично од дизајнерот/ илустраторот ќе бидат потребни следните услуги:
- Изработка на визуелно решение/ илустрација кое ќе се аплицира на промотивни материјали (наведени во ексел табела) и социјални медиуми
Временска рамка:
Дизајнерот/илустраторот треба да го достави завршениот материјал заклучно со среда, 14.06.2023 година.
Потребни документи:
1. Портфолио (линк или пдф)
2. Финансиска понуда (ексел табела)
Услови за пријавување:
1. Минимум 3 години искуство во графички дизајн
2. Претходно искуство на слични теми ќе се земе за предност
Достава на апликација:
Заинтересираните лица треба да ја испратат својата апликација на ncavolli@myla.org.mk и bkolashinac@myla.org.mk најдоцна до 09.06.2023 (петок) со назнака „Апликација за дизајнер/илустратор“.
МЗМП го задржува правото да ги исконтактира само оние кандидати кои што ги исполнуваат условите.