Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ АГЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, АКАДЕМИЈА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ, МАКЕДОНСКО ЗДРУЖЕНИЕ НА МЛАДИ ПРАВНИЦИ И ЦПИА

Македонското здружение на млади правници, Центарот за правни истражувања и анализи, Академијата за судии и јавни обвинители и Агенцијата за заштита на лични податоци потпишаа меморандум за соработка за успешна имплементација на проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот”.

Со меморандумот се предвидува зајакнување на соработката помеѓу страните во интерес на постигнување на целите на проектот, а ќе биде реализирана преку размена на информации, учество во проектните иницијативи и поддршка при имплементација на проектните активности.

Фотографијата е преземена од ЦПИА

Проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот” е двогодишен проект финансиски поддржан од Европската унија, а имплементиран од ЦПИА и МЗМП. Цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на судството и јавното обвинителство во ефикасна заштита на приватноста на граѓаните, како и другите права и основни слободи засегнати од новите технологии во онлајн просторот во согласност со правото и стандардите на ЕУ.

Како резултат на имплементацијата на проектот, Академијата за судии и јавни обвинители ќе се стекне со наставни програми и капацитети за обука на судии и јавни обвинители за заштита на лични податоци и правото на приватност на граѓаните во согласност со стандардите на ЕУ, а Агенцијата за заштита на лични податоци ќе има бенефит од истражувачките активности во рамки на проектот како и активностите за соработка помеѓу клучните институции.

Меморандумот стапи на сила со денот на неговото потпишување и ќе важи до 31 јануари 2025 година.

Повеќе за проектот “Ефикасна правда за заштита на основните слободи и правото на приватност во онлајн просторот” може да прочитате тука.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.