Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Втора успешно спроведена година на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“

Денес, завршува втората успешно спроведена проектна година на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, поддржан од Шведската меѓународна агенција за развојна соработка – Sida, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопјe, Македонското здружение на млади правници и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП

Целта на проектот е зајакнување на улогата на граѓанското општество во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, за создавање на чиста животна средина, поттикнување на зелената економија и подобрување на здравјето на граѓаните во државата

Македонското здружение на млади правници придонесува кон остварувањето на целта преку активности за зајакнување на капацитетите на еколошките граѓански организации и создавање ресурси за застапување базирано на докази.

Во периодот јуни 2022 – мај 2023:

  • Спроведовме 4 обуки на кои беа зајакнати капацитетите на 31 еколошка граѓанска организација и беа обучени вкупно 75 лица за пишување проектни апликации, внатрешно правно и финансиско работење на граѓанските организации, како успешно да се напишат документи за јавни политики и анализи и кои обврски ги предвидува македонското и правото на ЕУ во поглед на справувањето со климатските промени;
  • Во соработка со регионалните координатори на Коалицијата за клима спроведовме 3 работилници на кои околу 20 еколошки организации од Југозападниот, Полошкиот и Пелагонискиот регион добија теоретски (релевантни законски одредби) и практични (начин на применување на законите) знаења за обврските според Законот за здруженија и фондации, инспекцискиот надзор во животната средина, учество на јавноста во донесување одлуки на локално и државно ниво и постапките за прогласување заштитени подрачја и заштита на водите;
  • Дадовме информации за правна регулираност на постапките за оцена на влијание врз животна средина и учеството на јавноста, пристап до информации од јавен карактер, механизми за надзор над извршувањето на законите, иницирање и учество во постапка за изменување закони добија 8 еколошки граѓански организации, а дополнително 3 еколошки граѓански организации добија поддршка при пишување проектни апликации;
  • Изработивме едукативните видеа наменети за еколошките граѓански организации на 10 различни теми директно поврзани со заштитата на животната средина, инспекцискиот надзор и вклучување во донесувањето одлуки на државно и локално ниво допреа до 85.625 лица

Дополнително изработивме:

  • 2 секторски анализи за одржливото управување со шумите и транспортот и климатските промени
  • 6 документи за јавни политики кои се однесуваат на учество на јавноста во урбанистичкото планирање; енергетската криза наспроти процесот на декарбонизација; јаглеродната такса како можност за поздрава животна средина; изградбата на автопатишта и заштитата на животната средни од аспект на законодавството на ЕУ; стратешкото управување со животната средина и климатските промени на централно и локално ниво

Публикациите се достапни на следниот линк.

Нашата работа за создавање силно граѓанско општество за заштита на животната средина продолжува и во следниот период. Во периодот септември-октомври 2023 година ќе објавиме повик за пријавување на организации за нов циклус на обуки за зајакнување на нивните капацитети, а истовремено еколошките граѓански организации може да побараат менторска и правна поддршка преку следниот линк: https://forms.office.com/r/CAFYT4GkvB

Контакт за подетални информации за проектот:

Бојана Божиновска Силјановска – bbozinovska@myla.org.mk

Бојан Трпевски – btrpevski@myla.org.mk

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.