Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Упатство за најдобри практики со цел активно вклучување на младите активисти и младинските организации во процесите за заштита на животната средина на локално ниво

На кој начин младите активно да се вклучат во процесите за заштита на животната средина на локално ниво? Кои се чекорите за решавање на проблемот во Вашата општина?

Во рамките на проектот ,, Младински активизам за позелени општини ‘’ изработивме Упатство за најдобри практики со цел активно вклучување на младите активисти и младинските организации во процесите за заштита на животната средина на локално ниво (достапно на албански јазик тука).

Ова упатство, пред сѐ, е наменето за младите во Република Северна Македонија, односно за младите активисти, младинските организации, граѓанските организации за млади и граѓанските организации што работат со млади, кои дејствуваат, односно сакаат да дејствуваат и да придонесат за борбата против климатските промени и заштитата на животната средина.

Упатството содржи информации за најдобрите практики за активно вклучување на младите во процесот на заштита на животната средина, практики што се земени предвид од страна на најразвиените држави членки на ЕУ и државите што предничат со младинско учество во процесите што се однесуваат на заштитата на животната средина и климатските промени.

Дополнително, упатството содржи и преглед на националните законски акти што го регулираат учеството на граѓаните во процесите на носење одлуки на локално ниво, поврзани со заштитата на животната средина, како и преглед на институции што работат во полето на заштитата на животната средина и климатските промени.

Во рамките на упатството, младите, односно младинските организации може да се запознаат и со начините на нивно вклучување во процесите на носење одлуки, пред сѐ, преку клучниот законски акт што го регулира младинското учество во државата – Законот за младинско учество и младински политики, но и преку други формални и неформални практики и начини што младите и младинските организации може да ги земат предвид при нивната желба за активно учество во борбата против климатските промени и заштитата на животната средина.

Проектот „Младински активизам за позелени општини” е финансиски поддржан од Европската Унија, а спроведен од граѓанските организации Биди Зелен,  Македонско здружение на млади правници , Центар за климатски промени и Младинска асоцијација Креактив Кавадарци.

#eu4yоu #ЕУзаТЕБЕ #EUGreenDeal #EuropeanYearOfYouth #EYY2022

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.