Продолжен рокот за доставување понуда за подготовка на финален ревизорски извештај
Во рамки на проектот „Инклузија на странци во Западен Балкан- пристап до социјални и економски права (ФОСТЕР)” се продолжува рокот за доставување понуда за подготовка на финален ревизорски извештај на крајот од проектот како и верификација/проверка на трошоците на квартално ниво.
Подолу можете да ги преземете повикот, општите услови за грантовите од ЕУ (член 15.7) и Анекс VII.
- БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
- Annex G – Annex II general conditions
- Annex G – Annex VII (1) model report factual findings
Планираниот буџет на проектот е 1,246,153.33 евра, со период на имплементација од 42 месеци. Проектот е започнат на 01.03.2023.
Понудите треба да се испратат по електронска пошта на адреса agruevska@myla.org.mk и/или navdi@myla.org.mk најдоцна до 15.05.2023.
Цената да биде изразена без ДДВ и да биде во македонски денари.
НАПОМЕНА/ПОЈАСНУВАЊЕ:
Не се бара изработка на квартални извештаи, туку од понудувачот се очекува да изврши проверка на документацијата на квартално ниво со цел да се избегнат грешки од страна на сите имплементатори на проектот. Од понудувачот се очекува да посочи или укаже за евентуални пропусти при документирање на трошоци и/или трошоци кои не се подобни согласно правилата на донаторот. Согласно горенаведеното, понудувачот има обврска да изработи 1 финален извештај на крајот на проектот.