Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Прашалници за испитување на ставовите на младите и возрасните за прашања поврзани со радикализам и поддршка на процесите на рехабилитација и реинтеграција на повратници

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) спроведува истражување во рамки на проектот „Градење на отпорни и инклузивни заедници”.

Проектот има за цел да придонесе кон градење на локални заедници кои ќе бидат отпорни на радикализација преку јакнење на капацитетите и поддршка на заедниците и ранливите групи во процесот на превенција и борба против ширење на радикална идеологија и рехабилитација и реинтеграција на повратниците во земјата.

Во рамки на проектот се спроведуваат два прашалници кои имаат за цел да го испитаат знаењето и ставовите на возрасните, односно на младите на возраст од 15 – 17 години за прашања поврзани со радикализам и поддршка на процесите на рехабилитација и реинтеграција на повратници.

Прашалниците се достапни на македонски и на албански јазик и се анонимни, а одговорите ќе послужат исклучиво за целите на среднорочната евалуација на проектот.

Линкови до прашалниците:

Прашалник за млади  (15 до 17 г.) МК – https://www.surveymonkey.com/r/28WR5KC

Прашалник за млади (15 до 17г.) АЛ – https://www.surveymonkey.com/r/2M6QY35

Прашалник за заедниците МК – https://www.surveymonkey.com/r/28BV2F6

Прашалник за заедниците АЛ – https://www.surveymonkey.com/r/2MZHRBR

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.