Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик за избор на координатор/ка на Центарот за кариера и Одбор за поддршка (алумни) на Правниот факултет „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ во Скопје

Mакедонското здружение на млади правници (МЗМП) во согласност со договорот за соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, објавува јавен повик за работно ангажирање на едно лице координатор/ка на Центарот за кариера и одбор за поддршка (алумни) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

  1. Опис на работните задачи

Избраното лице ќе биде ангажирано како Координатор во Центарот за кариера и одбор за поддршка (алумни) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје со скратено најмногу 20 часа неделно. Ангажманот на лицето ќе вклучува:

  • Логистичка поддршка на студентите при реализацијата на практичната настава;
  • Изработка и оддржување на база на податоци со алумни;
  • Обезбедување поддршка на студенти за изработка на CV и мотивационо писмо;
  • Посредување при вршење практична работа и волонтирање на студентите по право;
  • Логистичка поддршка при организирање на обуки, работилници, настани и средби со алумни заедница;
  • Други работни задачи определни од Раководителот на Центарот за кариера и одбор за поддршка (алумни).

Избраното лице ќе работи со ментор, Раководителот на Центарот за кариера кое ќе го следи извршувањето на предвидените активности.

Активностите ќе се извршуваат во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

  • Потребни квалификации

Заинтересираните кандидати/ки треба да ги исполнуваат следниве услови:

  • Завршени три години правни студии (стекнати 180 кредити);
  • Познавање на англиски јазик;
  • Развиени организациски и комуникациски вештини;
  • Уредност, темелност и подготвеност за работа;
  • Искуство во користење на MS Office и интернет алатки за известување/платформи;
  • Искуство во организирање на обуки, работилници и други видови настани.
  • Времетраење на ангажманот

Ангажманот е за период од 12 месеци, започнувајќи од месец април 2023 година.

  • Паричен надомест

За ангажманот предвиден е месечен паричен надомест во бруто износ од 28.000 денари.

Со избраното лице Македонското здружение на млади правници (МЗМП) ќе склучи договор за привремено вршење услуги.

  • Начин на пријавување

Сите заинтересирани лица се повикуваат да достават свое CV и писмо за мотивација на електронската адреса amarkovska@myla.org.mk, најдоцна до 31.03.2023 година до 23:59 ч. со наслов „Пријава за оглас за Координатор на Центар за кариера“.

Примените пријави ќе бидат разгледани од комисија во која учествуваат претставници на МЗМП и Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Со кандидатите/ките кои ќе влезат во потесен избор ќе се спроведе интервју.

Сите пријавени кандидати/ки ќе бидат известени за исходот на нивната пријава.

Повикот може да го преземете тука.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.