
Јавен оглас за теренски правник во канцеларија на МЗМП во Шуто Оризари
Позиција: Теренски правник за период од девет месеци (Април 2023 / Декември 2023) со можност за продолжување
Македонското здружение на млади правници (МЗМП) е независна, непрофитна професионална организација основана во 2003 година, која обезбедува правна помош и стратешки застапува за заштита на човековите права. Со знаењето и иновативните капацитети на младите правници, МЗМП се стреми за промоција и унапредување на принципот на владеење на правото и влијае на јавните политики преку подготовка на истражувања и анализи. МЗМП се стреми за општество во кое владеењето на правото е воспоставено а луѓето проактивно се борат за почитување на нивните основни слободи и права.
Образложение
МЗМП во партнерство со Канцеларијата на УНХЦР во Скопје, спроведува работи на обезбедување на правна помош и советување на бегалци, лица под меѓународна заштита и лица бездржавјанство.
За потребите на канцеларијата на МЗМП во Шуто Оризари имаме потреба од теренски правник кој ќе биде дел од тимот на МЗМП.
Обврски и задолженија
Теренскиот правник ќе ја врши својата должност во согласност со работниот план и предвидените активности, но не подолго од 40 работни часа неделно, ќе работи под надзор и ќе известува на проектниот координатор. Теренскиот правник ќе работи во блиски работни односи со релевантните државни институции, локални невладини и меѓународни организации кои работат на горенаведените теми.
Опис на работно место
Работната поддршка на теренскиот правник ќе вклучува, но нема да биде ограничена само на:
- Теренски посети во Скопје и другите градови низ Македонија по потреба.
- Обезбедување на правни информации, совети, поддршка и пополнување на поднесоци и формулари на бегалците, лицата под меѓународна заштита и лицата бездржавјанство;
- Одржување на работни односи со државни институции и другите релевантни засегнати страни;
- Редовна комуникација со координаторот на проектот и остантите колеги како и со канцеларијата на МЗМП во Скопје;
- Други задачи кои што ќе се наведени од страната на МЗМП.
Квалификации
- Универзитетска диплома од правен факултет;
- Со или без работно искуство;
- Познавање на ромски јазик
- Поседување на возачка дозвола (Б) категорија
- Способност за работа во мултикултурна и динамична средина;
- Способност за комуникација и работа со ранливи категории на лица
- Добро разбирање на основните аспекти на работа на терен во таква област;
- Добри интерперсонални вештини;
- Искуство во користење на MS Office и интернет алатки за известување/платформи се добредојдени;
Назначување/избирање
На теренскиот работник ќе му биде понуден договор за вработување со месечен нето плата во висина од 30 000 денари. Позицијата е со седиште во канцеларија на МЗМП во Шуто Оризари. Теренскиот правник самостојно обезбедува транспорт до работното место.
Апликација
Апликацијата се состои од кратка биографија и мотивациско писмо (на македонски јазик) кои треба да се испратат на contact@myla.org.mk најдоцна до 27.03.2023 година. Рокот се продолжува до 31.03.2023 година.
Само успешните апликанти ќе бидат контактирани и поканети на интервју.