Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

Јавен повик за 2 (две) експертски позиции за подготовка на секторска анализа за Tранспорт како сектор со брзорастечки емисии на стакленички гасови во Северна Македонија

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот „Граѓанските организации во акција за климатските промени“, поддржан од Шведската меѓународна агенција за развојна соработка – Sida, а спроведуван од Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест Скопјe, Македонското здружение на млади правници и Организацијата за поврзување на природни вредности и луѓе – ЦНВП за објавува:

ЈАВЕН ПОВИК

За 2(две) експертски позиции за подготовка на секторска анализа за Tранспорт како сектор со брзорастечки емисии на стакленички гасови во Северна Македонија

  1. Опис и цели на проектот

Општата цел на проектот е зајакнување на улогата на граѓанското општество во процесот на декарбонизација, трансформација и обнова на општеството, за создавање на чиста животна средина, поттикнување на зелената економија и подобрување на здравјето на граѓаните во државата.

Една од посебните цели на проектот е поттикнување на учество на граѓанските организации во носење на одлуките поврзани со климатските промени, како и преку подобрување на капацитетите, знаењата и вештините, пружање поддршка на граѓанските организации за преземање на активности на локално ниво.

Втората посебна цел е подигање на јавната свест за можностите на постоење на зелени економии со ниско ниво на емисии, како и притисок на јавноста врз институциите со цел развој на политики и програми во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови и декарбонизација.

  1. Опис на активноста предмет на овој повик

Ангажманот во овој повик е предвиден за подготовка на анализа за транспорт како сектор со брзорастечки емисии на стакленички гасови во земјата која ќе биде водич на националното законодавство за граѓанскиот сектор, со што ќе се подобрат капацитетите на граѓанските организации за застапување и следење на правните процеси поврзани со траснспортот и емисијата на стакленичките гасови.

Со анализата треба да се изврши прибирање на податоци, мапирање, правна процена на националното и меѓународното законодавство и регулатива, за да се обезбеди јасна систематизација на релевантната регулатива и да се идентификуваат обврските на државните институции поврзани со секторот транспорт.

За подготовка на анализата ќе се ангажираат двајца експерти, еден технички и еден правен експерт.

  1. Опис на работни задачи (технички експерт)
  • Истражување и прибирање на технички информации (на пример: број и тип на возила во државата, емисии на одделни честички одделно по возило и вкупни емисии и слично) преку користење на информатички алатки за пребарување;
  • Користење на расположливи информации и други постоечки документи (извештаи, анализи и слично) кои се јавно достапни на веб страниците на различни организации/институции кои работат во областа;
  • Подготовка и поднесување барања за слободен пристап до информации од јавен карактер;
  • Спроведување на интервјуа со претставници на институции кои работат  во областа;
  • Селектирање на прибраните информации за подготовка на анализата  и
  • Споделување на сите информации и документи со правниот експерт за заедничко конципирање на анализата

Потребни квалификации

Експертот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Високо образование;
  • Работно искуство од најмалку 5 години од областа транспорт или животна средина;
  • Развиени истражувачки и аналитички способности;
  • ●        Искуство во подготовка на анализи, истражувања, прирачници, програми и слично.
  1. Опис и работни задачи (правен експерт)
  • Мапирање на националните закони, подзаконски акти  и други  документи (планови, програми, стратегии) поврзани со транспорт, сообраќај и животната средина;
  • Идентификување на надлежните институции одговорни за спроведување на законите и можни поклопувања на надлежностите;
  • Развивање на матрица за оцена дали се донесени и објавени предвидените стратегии, планови и програми и дали нивното спроведување има соодветен надзор;
  • Процена на предизвиците при спроведување на домашните закони;
  • Мапирање и проценка на релевантните документи и стандарди на ЕУ;
  • Утврдување на степенот на хармонизација на македонското законодавство со ЕУ аквисот;
  • Идентификување на воспоставените стандарди од страна на Европскиот суд на правдата и
  • Споделување на сите информации и документи со техничкиот експерт за заедничко конципирање на анализата.

Потребни квалификации

Експертот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Високо образование од областа на правните науки;
  • Работно искуство од најмалку 5 години на правни работи и најмалку 2 години искуство од областа  на животната средина;
  • Развиени истражувачки и аналитички способности;
  • Искуство во подготовка на анализи, истражувања, прирачници, програми и слично.
  1. Временска рамка и надомест

Рокот за финална подготовка на анализата е  15.04.2023 година, со надомест од вкупно 20 работни денови, за секој експерт поединечно. Надоместот се определува согласно доставените финансиски понуди, најмногу до вкупен бруто износ од 113.055,00 денари за технички експерт и најмногу до вкупен бруто износ од 113.055,00 денари за правниот експерт.

 Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават кратка биографија(CV) и финансиска понуда (бруто износ во МКД со вклучен персонален данок на доход, распределено во 20 работни денови),  со прилог примерок или активни линкови од подготвени анализи, истражувања, прирачници, програми и слично. Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта до bbozinovska@myla.org.mk и dnastevska@myla.org.mk со назнака – Пријава за секторска анализа – правен експерт или – Пријава за секторска анализа – технички експерт.

  1. Евалуација на кандидатите

Кандидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:

  • Целосно исполнување на критериумите од точка 3 за техничкиот експерт и точка 4 за правниот експерт од овој оглас – 70 бода
  • Понуден надомест за активноста – 30 бода
  • Вкупно 100 бода.

Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој ќе добие најголем број бодови.

Рокот за пријавување е заклучно со 15.02.2023 година. Рокот за пријавување се продолжува заклучно со 19.02.2023 година.

Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување.

Контакт лице: Божиновска Бојана, e-mail: bbozinovska@myla.org.mk.

Огласот можете да го преземете тука.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.