Side Area Logo
Македонско здружение на млади правници
Keep conected

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧИ ЗА КУРСЕВИ ЗА  ПРАКТИЧНИ ПРАВНИ ВЕШТИНИ

Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамки на проектот “Студентите по право и младите правници – Клучни агенти на промени за унапредување на човековите права и владеењето на правото во Република Северна Македонија” поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје објавува

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИЈАВА ЗА ИЗБОР НА ОБУЧУВАЧИ ЗА КУРСЕВИ ЗА  ПРАКТИЧНИ ПРАВНИ ВЕШТИНИ

  1. Опис и цели на проектот

Проектот има за цел да ја зајакне улогата на студентите по право и младите правници како агенти на промени за заштита на човековите права и промовирање на владеењето на правото. Специфичните цели на проектот се: (1)  Усогласување на правната рамка со најдобрите ЕУ практики во поглед на правните студии и правната професија, вклучувајќи ги и студиските програми на правните факултети; (2) Поддршка на професионалниот развој на студентите по право и младите дипломирани правници; (3) Зголемување на учеството на младите правници во заштита на јавниот интерес во процесите на креирање политики на централно и локално ниво.

  • Опис на активноста предмет на овој јавен повик

Со цел зајакнување на практичните правни вештини и капацитетите на студентите по право и младите правници, МЗМП ќе спроведе сет од меѓусебно поврзани еднодневни курсеви на следните теми: правно пишување, правно говорење, интервјуирање и советување, вештини за судење, правно расудување и аргументирање и правно истражување и етички аспекти на правната професија.

Ангажманот во овој јавен повик е предвиден за три обучувачи на следните теми:

  • Правно пишување
  • Правно говорење
  • Интервјуирање и советување

Курсевите ќе бидат еднодневни и ќе се спроведуваат online. За секој курс ќе биде ангажиран по еден обучувач.

  • Опис и работни задачи на обучувачите
  • Да подготви и да достави програма за спроведување на курсот;
  • Да подготви план и практични вежби за спроведување на курсот;
  • Да подготви материјали за одржување на курсот;
  • Да спроведе курс на договорената тема/и на млади правници и студенти по право;
  • Да подготви прашалник за пред и пост евалуација на обуката;
  • Да подготви извештај за спроведена обука.
  •  Потребни квалификации за обучувачите

Обучувачот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Завршено високо образование од областа на правото;
  • Најмалку 5 години професионално искуство на работи во областа на правото;
  • Искуство во спроведување на обуки на теми повразни со практични правни вештини ќе се смета за предност;
  • Да поседува солидни комуникациски и презентациски вештини.
  • Индикативна временска рамка и надомест

Курсевите ќе се спроведуваат во период од март 2023 година, заклучно со ноември 2023 година. Конкретните датуми за спроведување на курсевите ќе бидат договорени во координација со проектниот тим и избраните обучувачи.

Индикативна временска рамка за курсевите за  практични правни вештини
Правно пишување     март 2023 година
 Правно говорење   мај 2023 година
Интервјуирање и советување   октомври 2023 година

Селектираните обучувачи за секој курс ќе имаат вкупен ангажман од по 1 (еден) ден, односно половина ден за подготовка и половина ден за спроведување на курсот. Надоместокот не може да надминува бруто износ од 9.000 денари.

  • Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат условите треба да достават:

  • Кратка биографија (CV);
  • Предлог методологија за подготовка на onlinе – курсевите;
  • Листа на реализирани обуки во својство на обучувач (за апликантите кои реализирале обуки во својство на обучувач)

Документите треба да се достават во електронска верзија на е-пошта : amarkovska@myla.org.mk, со назнака – Апликација за обучувач ( назив на тема/и за која аплицира). Еден кандидат може да аплицира за обучувач на повеќе теми.

Рокот за аплицирање е до 12.02.2023 до 16:00 часот. Рокот за аплицирање се продолжува  до 20.02.2023 до 16:00 часот.

Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Македонското здружение на млади правници. Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката за пријавување.

За дополнителни прашања во врска со повикот можете да се обратите на телефонскиот број (02) 3 220 870, лице за контакт Андријана Марковска.

Повикот можете да го преземете тука.

NO COMMENTS

Sorry, the comment form is closed at this time.