
Промоција на Извештајот за мониторинг на дигитално посредувани јавни собири во С.Македонија

Вчера во Публик рум го промовиравме извештајот за мониторинг на дигитално посредувани јавни собири во С.Македонија. Преку извештајот ја разгледавме на моменталната состојба во врска со дигитално посредуваните јавни собири во С. Македонија, вклучително и на релевантната правна рамка, фреквенцијата, појавата и видовите на дигитално посредувани јавни собири и овозможувачката средина во која се случуваат. Ги идентификувавме специфичностите и предизвиците, а се дадоа и одредени заклучоци и препораки.
Низ дискусија на настанот споделивме гледишта и искуства поврзани со дигитално посредуваните протести и го потврдивме нивното огромно значење како форма за остварување на слободата на мирно собирање во ова време на дигитална експанзија, а уште повеќе за во иднината.
Извештајот беше изготвен од страна на Гоце Коцевски и Душица Нофитоска, како дел од проектот Мониторинг на дигитално посредувани јавни собири во Северна Македонија, проект финансиран од страна на Европскиот центар за непрофитно право-ECNL.