Јавен повик за експертска позиција за изработка на општи правила и услови за воспоставување на сервис за давање на правна и психо-социјална поддршка на жртви на кривични дела

Јавен повик за 1 (една) експертска позиција за изработка на општи правила и услови за воспоставување на сервис за давање на правна и психо-социјална поддршка на жртви на кривични дела

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) за потребите од спроведување на проектот ”Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела” финансиран од Европската Унија преку Министерството за финансии на РСМ – Секторот за централно финансирање и склучување во рамки на програмата Strengthening the  impact of the civil society in effective justice sector reforms – IPA II 2014 – EuropeAid/159467/ID/ACT/MK, имплементиран во соработка со СОС Детско Село – Македонија, објавува јавен повик за 1 (една) експертска позиција за изработка на општи правила и услови за воспоставување на сервис за давање на правна и психо-социјална поддршка на жртви на кривични дела. 

  1. Опис и цели на проектот

Општата цел на овој проект е да го подобри пристапот до правда за жртвите на насилни кривични дела преку воспоставување на национален сервис за правна и психо-социјална поддршка. Притоа, специфичните цели кои проектот се стреми да ги оствари се следните: (1) Зголемување на пристапот до правна помош и психо-социјална поддршка на деца, лица со попреченост, стари лица и жени – жртви на насилни кривични дела; (2) Зајакнување на капацитетите на адвокатите кои работат на заштита на жртвите на насилни кривични дела , и (3) Застапување за воспоставување на соодветен државно финансиран систем за правна поддршка. Основната активност на овој проект вклучува континуирана правна и психо-социјална поддршка која ќе се обезбедува на ранливи жртви на насилни кривични дела. 

  1. Опис и работни задачи

Еден (1) експерт/ка од областа на правото, социјална заштита, или други сродни науки.

Заради исполнувањето на ангажманот предмет на овој Јавен повик, експертот/ката ќе треба да ги спроведе следниве работни задачи:

  • Анализа на правна рамка (примарна и секундарна) која се однесува на превенција, заштита и спречување на насилство,
  • Анализа на правна рамка (примарна и секундарна) која се однесува на заштита на личните податоци,
  • Преглед на постоечки правила и услови како и најдобри практики на ниво на ЕУ за обезбедување на правна и психо-социјална поддршка за ранливи жртви на насилни кривични дела,
  • Подготовка на документ кој ќе ги содржи го уреди давањето на сервиците насловен како Општи правила и услови за за воспоставување на сервис за давање на правна и психо-социјална поддршка на жртви на кривични дела. 
  1. Потребни квалификации

Експертoт/ката треба да ги исполнува следниве квалификации:

  • Завршено високо образование во областа на правото, социјалната заштита или други сродни области. Завршени постдипломски студии во споменатите области ќе се сметаат за предност.
  • Најмалку 7 години работно искуство во давање на правна или психо-социјална поддршка на маргинализирани групи.
  • Искуство во изработка на нормативни акти (Правилници, политики, кодекси, амандмани на закони итн.)
  • Напредни истражувачки и аналитички способности,
  • Искуство во изработка на тренинг модули, стратегии, и програми ќе се смета за предност. 
  1. Временска рамка

Работниот ангажман ќе биде спроведен во 8 работни денови во периодот од 06.03.2019 – 20.03.2019 година. За секој работен ден предвиден е надоместкот од 100 евра во бруто износ кои ќе бидат исплатени во денарска противредност. 

  1. Постапка и правила за пријавување, рок и избор

Овој повик е јавен.

Секој кој што ги исполнува потребните квалификации може да се пријави на овој повик со поднесување на професионално CV на следната е-маил адреса: contact@myla.org.mk со назнака „Пријава на јавен повик за изработка на општи правила и услови за воспоставување на сервис за давање на правна и психо-социјална поддршка на жртви на кривични дела“.

Во прилог на CV-то, кандидатот/ката треба задолжително да достави и примерок/активен линк од документите наведени во дел 3 од овој јавен повик во чија изработка учествувал/а.

Рокот за пријавување е до 01.03.2019 година, 16:30 часот.

Пристигнатите биографии ќе бидат евалуирани од страна на стручна комисија основана од Управниот одбор на МЗМП. Кандидатите ќе бидат информирани за исходот од постапката на пријавување на кандидатите.

Повикот може да го преземете на следниот линк: Јавен повик за експерт за изработка на услови

Проект:  Правна поддршка на ранливи жртви на насилни кривични дела

                                        Проектот е финансиран од Европската Унија