Покана за информативни сесии за повик за доделување грантови

 

                         Овој проект е финансиран од Европската Унија   

ПОКАНА

за информативни сесии за повик за доделување грантови

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) ги поканува сите заинтересирани граѓански организации за учество во информативните сесии во врска со програмата за  грантови во рамките на проектот „Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и одржливост на граѓанските организации“ кои ќе се одржат на три локации низ државата и тоа:

Град:

Време:

Место:

Скопје

05.11.2018, (понеделник), 13:00 ч.

Граѓанскиот ресурсен центар Скопје, (Спроти НЛБ банка, до ЕУ инфоцентар)

Гостивар

06.11.2018, (вторник) во 13:00 ч.

Граѓански ресурсен центар Гостивар, ул. Тоде Богданоски бр.90

Штип

07.11.2018, (среда) во 13:00 ч.

Хотел Оаза – Штип

Повикот за грантови е објавен на 15 октомври 2018 и ќе биде отворен до 15 ноември 2018 година. Со повикот ќе бидат поддржани акции кои придонесуваат кон зголемување на учеството на граѓанските организации во процесите на донесување на закони, креирање на политики и носењето на одлуки на локално и национално ниво. Повикот е наменет за граѓански организации кои ќе развијат идеи со кои се артикулираат проблемите и потребите на граѓаните и локалните заедници. Времето за спроведување на проектите поддржани од грантовите може да биде најмалку шест месеци до најмногу една година. Спроведувањето на грантовите треба да започне на 1 јануари 2019 година. Вкупниот фонд за поддршка изнесува 100.000 EUR. Минималниот износ на грант е 7.000 EUR, додека максималниот е 10.000 EUR.

Деталните информации за повикот за грантови се достапни на следниов линк.

Повеќе информации за инфо сесиите, повикот за грантови како и за проектот можете да добиете на следниве контакт податоци: е-маил: dnofitoska@drc.org.mk, тел. 70 345-747, лице за контакт Душица Нофитовска.   

                                                                  

 

АГЕНДА

ИНФО СЕСИИ за грантови во рамките на проектот

Правна помош и поддршка за зајакнување на капацитетите за застапување и оддржливост на локални граѓански организации

12:30 – 13:00          Пристигнување и прием

 13:00 – 13:30         Презентација на повикот за грантови

                                       Гоце Коцевски- Македонско здружение на млади правници                          

13:30 – 14:00          Прашања и одговори

                                     Гоце Коцевски- Македонско здружение на млади правници

                                      Љиљана Лазоровска– Македонско здружение на млади правници

Работен јазик на настанот: Македонски